Братиславските братства и линии на поделба во ЕУ

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Доналд Туск, Роберт Фицо, Андреј Киска, Жан-Клод Јункер.

5068207

Лидерите на земјите од ЕУ се сретнуваат денес, без Британија во Братислава, за да ја претстават Европа по Брекзит. Ова е самит на кој безбедноста и ревитализација на европската одбрана треба да доминира во дебатите. Собрани во замокот, насаден  на рид со поглед на реката Дунав, 27-те сакаат да ја претстават “патна карта” за стимулирање на ослабена Европа, но  и повтори повиците за затегнување на редовите  за да се решат  пред сé подлабоките разлики. ЕУ “нема закана за своето постоење” од Брекзит, изјави во средата претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пред да ја  лансираше серија на “конкретни” проекти во различни области (безбедност, одбрана, инвестиции, дигиталниот свет). Но “би било фатална грешка да се смета дека негативниот резултат од референдумот во Британија е специфично британски проблем”, предупреди од своја страна  претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во поканата до 27те за самитот во Братислава.

Европските граѓани “сакаат да знаат дали политичките елити се во можност да ја  обноват контролата над настаните и процесите кои се пред се , дезориентирани, а понекогаш  и стаписани”, рече тој, посочувајќи ја  миграција, тероризмот, но исто така и глобализацијата. Туск, откако се консултира со 27-те, за да  ја подготват средбата, рече дека си направил јасен заклучок за пораката на Комисијата: “Давањето на нови овластувања на европските институции не е саканиот рецепт”.

Заеднички  Главен штаб

За време на самитот во Словачка “, ние ќе поставиме почетокот на процесот”, инсистираше одговорен европски функционер, за да нагласи дека не треба да се очекува премногу од неформалната средба, невообичаено организирана надвор Брисел. За време на друг самит закажан во Рим во март 2017 година, по повод 60 години од договорот со кој се означува почетокот на изградбата на европската конструкција, бќе бидат носени  важните одлуки.

Додека  ја очекуваа (средбата) 27-те веќе почнаа да прецизираат како тие планираат продолжувањето на европската одбрана, која повеќето земји изгледа ја сакаат по своја желба. Комисијата предлага токму “заеднички воени ресурси”, “заеднички главен штаб” и создавање “пред крајот на годината” на европски фонд за стимулирање на истражувањето и иновациите во одбранбената индустрија. “Засега нема оперативен главен штаб, само еден  воен комитет на 28-те”, вели француски дипломатски извор.

Париз и Берлин, мотори на овој проект, планираат да ги претстават во Братислава заедничка иницијатива за активирање на операциите на ЕУ за да се добие полесно европско финансирање. Заминувањето на Обединетото Кралство, кое секогаш било фаворизира во рамките на НАТО, нуди можност да се напредне по ова прашање во контекст на опкружена со кризи, војни и тероризам Европа. Во областа на безбедноста, укрепувањето  на заштитата на надворешните граници на ЕУ, отсега е предмет на консензус.

Братислава ќе одбележи “пресвртна точка” по ова прашање, рече Туск. Нема “волшебно стапче” Но самитот во Братислава едвај ќе изгледа како манифестација на единство. “Никогаш порано не сум видел таква фрагментација и исто толку малку доближувањето во нашиот сојуз”, призна во средата Јункер пред европратениците.

Теми како работна сила (работат во други земји) или распределбата на бегалците во ЕУ од Италија и Грција остануваат силно конфликтни. Земјите од Вишеградската група (Унгарија, Полска, Словачка и Чешка), кои се меѓу најголемите кочничари на европските проекти за пристап на бегалците, планираат да дадат во Братислава на  сопствената визија за иднината на Унијата, тие веруваат дека тоа е премногу доминирана од големите држави. Јужните земји, како Грција, Франција и Италија, кои се состанаа во Атина минатата недела, и  истакнуваат други приоритети, како на пример споделување на миграцискиот товар и олабавување на фискалните ограничувања. Последниот повик на министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, ја исклучи Унгарија од ЕУ поради нарушување на неговите основни вредности и тоа е уште една илустрација на пукнатините во европскиот блок. “Во Братислава нема да ги решиме сите рабпти како со удар на волшебно стапче, но мора да најде основа која ќе овозможи да се постигне договор во следните месеци”, сумираше дипломатски извор. / АФП