Ромео Тревис нема да игра за Македонија на мечот против Унгарија

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 

Американецот со македонски пасош Ромео Тревис нема да биде дел од составот на кошаркарската репрезентација на Македонија на последниот меч против Унгарија во квалификациите за Европското прветнсво. romeo-trevis-615x400

Тревис, кој беше најавуван како големо засилувања за македонската селекција, наместо да патува за Шолнок со останатите кошаркари, тој ќе замине порано на краток одмор во САД, пред да им се врати на клупските обврски во неговиот нов клуб, италијанскиот Канту.
Имено по завршувањето на средбата во Кавадарци и убедливиот пораз, В. Британија (62:89), по кој Македонија ги загуби сите шанси за ново учество на Евробаскетот, Американецот со побарал да си замине порано, а селекторот Драган Раца му дал дозвола за тоа, па во Шолнок „црвено-жолтите“ ќе играат и „без неговата помош“.
Македонската репрезентација за попладнево (во 15 часот), заминува за Шолнок каде во сабота од 16.30 часот, ќе го одиграм последниот меч од овој квалификациски циклус.
Не водејќи сметка дека во случај на нов пораз, Македонија може да остане и без место во „А” Дивизијата, односно во квалификациите за Светското првенство 2019 година, селекторот Раца сепак му дал дозвола на Американецот да си замине/МИА