Како што реков, еве сме овде пред Судот заради тоа што ветивме дека ќе се бориме за правда. Веднаш штом се создадоа условите да можат да се оддржат рочиштата ние сме овде барајќи правда, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред Судот, информира порталот а1он.
– Денеска ова е доказ како се инструментализира и како се става под контрола судството заради едни забегани политики во Р.Македонија. Денеска не се оддржа рочиште заради тоа што главниот сведок, единствениот сведок, Никола Груевски одлучи да не се појави или Судот му беше кажано да не му достави покана. Но за да биде дополнително покриен наводно бил спречен еден од двајцата поротници да биде присутен иако законот определува и замена на поротници кога тоа е најавено ако некој од поротниците не може да дојде, рече Заев.
Целиот текст можете да го прочитате тука