(ВИДЕО) Џими Фалон му ја разбушави “фризурата“ на Доналд Трамп

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Џими Фалон му ја разбушави косата на евентуалниот иден претседател на САД Доналд Трамп во своето вечерно шоу.e2958e161a091604cc90f173266ae29e

Комичниот ТВ презентер некако го убеди Доналд да му овозможи да му ја разбушави познатата  бујна фризура и тоа пред гледачите на националната телевизија NBC.

Републиканскиот кандидат одлучи да се согласи со чудното барање на Фалон, бидејќи можеби ќе биде претседател следниот пат кога ќе се појави во шоуто и тогаш нема да може да си дозволи вакoв луксуз.

Трамп покажа дека косата му е целосно природна, а не е перика, како што многу луѓе мислат. Покрај тоа, тој демонстрираше завидно чувство за хумор, иако многу луѓе го сметаат за крут.

Во 2011 година, Трамп откри во интервјуто за магазинот Rolling Stone, дека фризурата му одзема доста време во бањата и дека за обликувањето на волуменот тој користи чешел и фен.

Според критичарите на Доналд, тој го користел шоуто на Фалон, токму за да се покаже како подостапен кандидат во споредба со Хилари Клинтон.

Според последните анкети, бизнисменот-милијардер веќе се израмни со противник од Демократската партија во трката за Белата куќа, а и двајцата кандидати ќе добијат околу 42 проценти од гласовите на избирачите.

https://www.youtube.com/watch?v=u0BYqzdiuJc