Кај ќе се кријат!? Роднините на корумпираниот руски “анти-корпционер” се кријат на луксузни имоти купени со украдени пари…

од desk3
79 прегледи

Семејството на уапсениот полковник од Московската финсиска полиција за кражба на 9 милијарди сокриени рубљи -Дмитриј Захарченко се кријат во своите имоти, објавија руските медиуми. А тие се купени со парите ограбени од корумпираниот анти-корупционер . “Бегалците” се неговата сестра Ирина, мајка му Валентина и неговиот татко Виктор. Сите тие ја напуштиле Москва и се затвориле во своите иоти во покраината. Таткото и мајката на крадецот се разведени.

1474032476-640-374e6e871bc236125153f986b1cb9197

Полковникот купил луксузни имоти за милиони на целото семсјтво, а само станот на 4-годишна ќерка е над 4 милиони долари и е со површина 170 квадратни м.

Таткото на Захарченко – Виктор, го напуштил набрзина станот од 400 милиони рубљи (околу 7 милиони долари) во луксузниот комплекс “Беркли Плаза” и отишол во станот, купен од неговиот син во родниот Ростов на Дон.

Руски медиуми кои цитираат извори од истрагата велат дека тој рачката купил билет за воз и буквално исчезна на југ вечерта на 11 септември.

1473520883-1

Мајката на полковникот – Валентина и неговата сестра Ирина се во луксузна вила во Ростов на Дон, која е со површина од 1500 квадратни. М. Имотот е во престижниот Милеров регион.

И двете наскоро ќе започнат со сведочењата за случајот на корумпираниот роднина. 9-те милијарди рубљи се најдени во домот на Ирина Захарченко.

Судот одлучи да го остави за 2 месеци во притвор полковникот.