Најголемите хакерски напади, припишувани на Русија

од desk3
96 прегледи

 

Бундестагот, Меѓународната антидопингова агенција, фондацијата на Сорос, партијата на Меркел: сите тие биле предмет на хакерски напади. Се претпоставува дека компјутерските криминалци дејствувале по наредба на руските тајни служби.

0-17834379_303-00

Последниот напад против Светската антидопингова агенција (WADA) далеку не е првиот кибер-напад во кој многумина гледаат руски траги. Во последните години руските хакери постојано беа обвинувани за напади врз странски владини сајтови и електронските пошти на високи функционери. Дојче Веле избра некои од најимпресивните напади на руските хакери.

N ° 1: Нападот против базата на податоци на WADA

На 13 септември Светската антидопингова агенција потврди дека група хакери кои дејствуваат во интерес на Русија под називот Fancy Bear или Tsar Team (APT28) навлегле нелегално во базата на податоци на организацијата. Во рацете на компјутерските криминалци се тетеравеа тајни медицински податоци за дозволи за употреба на одредени (во повеќето случаи забранети) прeпарати, издавани од различни меѓународни спортски федерации и антидопингови агенции. Од објавените документи се гледа дека сестрите тенисерки Вилијамс користеле во текот на неколку години забранети препарати. Истото се однесува и за четирикратната олиписка шампионка во гимнастика Симона Бајлз. Американските спортистки ги отфрлија обвинувањата. “Јас страдам од синдром на дефицит на внимание и хиперактивност и затоа уште од дете внесувам лекови. Верувам во чесниот спорт. Отсекогаш сум се придржувала кон антидопинговите правила и ќе продолжам да се придржува кон нив. Зашто во спортот треба да има искреност и тоа е многу важно за мене “, напиша во Твитер Симона Бајлз. Од објавените податоци станува јасно дека гимнастичарката употребува неколку години амфетамин со дозвола на WADA. Антидопинговата агенција на САД остро ги осуди хакерските напади.

N ° 2: Нападот против Демократската партија во САД

Во летото 2016 година предмет на хакерски напад стана Демократската партија во САД. Во Викиликс хакерите размножија речиси 20.000 мејлови поврзани со кандидатката на партијата за претседателската функција Хилари Клинтон. Од поштата, станува јасно дека раководството на партијата и дава предност на Клинтон, се труди со сите сили да ја попречи кампањата на нејзиниот внатрепартиски ривал Берни Сандерс. “Њујорк тајмс” соопшти дека, според податоците на тајните служби на САД, зад овој напад стои истата група Fancy Bear. Според изданието, компјутерските криминалци од оваа група се поврзани со Главната разузнавачка агенција на Генералштабот на вооружените сили на Русија. Истрагата на овој инцидент беше преземено од одделот за национална безбедност при Министерството за правда. А тоа значи дека американската администрација поаѓа од претпоставката дека зад хакерските напади стои странска држава.

N ° 3: Нападот против Бридлав и Сорос

Хакерите кои го извршија нападот врз Националниот комитет на Демократската партија, можеби биле вмешани во цела серија од криминал. Според податоците на агенција Bloomberg, истата група ја нападнала електронската пошта на поранешниот командант на војските на НАТО во Европа Филип Бридлав и серверите на фондацијата на Џорџ Сорос “Отворено општество”. На сајтот DCLeaks.com хакери го објавија целото собрана досие на Филип Бридлав од 2012 година, кога генералот сеуште беше командант на војниците на НАТО во Европа. На истиот сајт тие објавија и податоци за активностите на “Отворено општество”.

N ° 4: Нападот против партијата на Меркел

0-19305899_404-00

Во почетокот на мај се појавија извештаи дека непознати хакери се обиделе да навлезат во компјутерскиот систем на германската Христијанско – демократска унија. Од седиштето на партијата во Берлин ги потврдија овие информации. Хакери се обиделе да навлезат во базата на податоци на партијата, вклучително и до личните податоци на партиските членови. Според експертите, зад хакерските напади стои групата Pаwn Strom. Постои сомнеж дека оваа група е тесно поврзана со руските тајни служби, иако собирањето на докази во вакви случаи секогаш е многу тешко.
N ° 5: Нападот против Бундестагот

Во 2014 година хакери навлегоа во внатрешниот компјутерски систем на Бундестагот. Тие успеаја да добијат пристап до 14 парламентарни сервери, вклучувајќи и до главниот сервер, каде што се чуваат сите кодови за пристап до базата на податоци на Бундестагот. Хакерскиот напад беше толку сериозен, што од безбедносни причини требаше да биде исклучена целиот компјутерски систем на парламентот. Експертите од германското внатрешно разузнавање се убедени дека криминалците сакале да добијат важни информации од политички карактер, вклучувајќи и лични телефонски броеви на пратеници и министри, како и со тајни документи. Сеуште тајните служби не разјаснија какви информации стигнале во рацете на хакерите. Соработник на една од тајните служби во Германија изјави за списанието “Шпигел” дека зад Сајбер-нападот против Бундестагот дефинитивно стојат руските тајни служби.