Лондон ќе го блокира создавањето на евроармија

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Велика Британија ќе стави вето на создавањето на европска армија додека остане членка на ЕУ, изјави британскиот министер за одбрана.5070227

Коментарот на Мајкл Фален дојде кога стана познато дека Германија и Франција наведуваат  рокови за создавање на “заедничка воена сила” која ќе конкурира  со НАТО како воен капацитет. Според документите, дискутирани во петокот од лидерите на земјите од ЕУ во Братислава, Европската комисија ќе ги  придвижи предлозите за заедничка воена сила во декември со цел договор за прашањето да биде постигнато до јуни следната година.