Сељачизам ли во македонскиот парламент?
Со кавга, недолични коментари, навреди и вулгарен речник, кои на моменти предизвикаа жестоки реакции кај некои пратеници, беше спречена да почне надзорната расправа во собраниската Комисија за земјоделство, за причините и тешките последици од поплавите под Скопска Црна Гора, пренесува СДК.
По првата од неколкуте паузи, Тодоров веќе не се врати, па на прашањата “Кај е Тодоров?“, “Ќе го викнете ли Тодоров?“ на пратеничката на СДСМ Софија Куновска, од место во таа тензична атмосфера колешката од Социјалистичката партија Владанка Авировиќ ѝ дофрлаше: “Ќути, Шарка!“, “Шареее, ќууут!“.