
Владата одлучи да постапи по дел од барањата од Турција, што беа испорачани по неуспешниот воен обид за пуч, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски за радио Слободна Европа.
Тој не сакаше да коментира ниту што конкретно побарала официјална Анкара, ниту какви мерки ќе бидат преземени.
Турската влада по неуспешниот обид за пуч од неколку балкански држави побара да се затворат приватни училишта и невладини организации за кои се сомнева дека се поврзани со движењето на Ѓулент. Т
Во Македонија, на тапет се најдоа училиштето Јахја Кемал, неделникот „Заман Македонија“, организацијата „Седеф“, агенцијата „Башак“, компанијата „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР.