Кога ќе завршите, мислите дека тоа е готово. Но не е така. Разменувајте нежности со партнерот и таа/тој секогаш ќе се враќа за повеќе, покажува истражувањето кое го реализира Центарот за сексуално образование во Канада. Во ова канадско истражување учествувале 2400 возрасни луѓе, кои одговараа на прашања за последниот сексуален однос. Од жените кои се радувале на размена на нежности со партнерот шест до десет минути по сексуален однос, цели 71% од нив го оценуваат сексот како “многу задоволителен”. За споредба, само 41% од жените кои разменуваат помалку нежности со партнерот после секс, го оцениле истиот како добар.

Професорот по хумана сексуалност др. Робин Милхаузен вели дека интимноста после секс е еднакво важна за жената, како и љубовната игра. Најверојатната причина за тоа е што во женското (но и во машкото) телото после секс се зголемува количеството на окситоцин, хормон поради кој се чувствува потребата од близина, вели Милхаузен.
Таа додава дека жените после секс се чувствуваат ранливи, а поголемата размена на нежности им влева чувство на сигурност. “Ова е еден од најдобрите начини за подобрување на вашата врска. Многу е важно, а мажите често ја пропуштаат оваа можност да се поврзат подлабоко со својата партнерка”, вели доктор Робин.