Зошто допирите будат емоции?

од desk3
76 прегледи

Сите сме ја почувствувале силата на дури сосема лесниот допир на раката – тој може да предизвика возбуда, удобност или аверзија, зависи од тоа кој и кога не допира, пишува LiveScience. Ново истражување покажа за првпат дека типот на чувството се определува главно од емоционалното состојба. Преку скенирање на мозоците на група хетеросексуални мажи научниците гледале како тие реагираат на допир.Во едниот случај тие веруваат дека по ногата ги погалува привлечна жена, а во другиот – мускулест маж.

1474115032-shutterstock-362217002

Како резултат на тоа примарниот соматосензорен кортекс, областа во мозокот, за која се верува дека е одговорна само за физичкото допир, се активира повеќе од женскиот, отколку од машкиот допир.

Во реалноста, сепак и во двата случаи допирот се остварува од жена и физички контакт е ист. Емоциите на учесниците за време на експериментот се предизвикани од гледањето на видео, што во едниот случај ги тера да поверуваат дека се допрени од жена, а во другиот – од маж.

“За прв пат покажавме дека примарниот симатосензорен кортекс, кој ги декодира главните квалитети на допирните објекти, како на пример колку глатко или рапаво е нешто што е чувствително и кон социјалното значење на допирот”, вели истражувачот Мајкл Специо.

Предходно се сметаше дека физичките и емоционалните аспекти на допирот се обработуваат по различни патеки во мозокот. Оваа студија докажува дека напротив, емоцијата е дел од толкувањето на допирот уште во самиот м зародиш.

“Ништо во нашиот мозок не е целосно објективно. Перцепциите ни се длабоко и сеопфатно влијание на нашите чувства за работите кои ги восприемаме “, резимира Кристијан Кајзерс од Гронингенскиор универзитет во Холандија.