Љубовен хороскоп од 19 до 25 септември 2016

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Нè очекува недела, која ќе биде многу сончева во однос на љубовта во споредба со изминатата. Венера ќе ја покаже својата поддршка, а ретроградниот Меркур ќе се чувствува уште слабо.d53c90ac11a7972b5eb83b9366b8bd08

Повеќе видете во љубовниот  хороскоп.

Овен
Во оваа недела ќе ве возбудува духовниот, интелектуалниот раст. Постои можност да започнете нови потфати заедно со вашата сакана. Ова ќе ве зближи и ќе се откриете еден со друг. Вашата партнерка може да ги зголеми и ресурсите со кои располага, а вие дефинитивно ќе сакате да ги искористите предностите од нив.

Бик
Љубовната конфузија е на пат да исчезне. По четврток Меркур ќе влезе во вашиот сектор на романтиката. Ќе најдете нова смисла во врската, ќе решите стар проблем или спор. Од петок љубовниот живот ќе стане уште повозбудлив и дефинитивно ќе се чувствувате многу ценети од партнерот.

Близнаци
Во љубовниот живот на Близнаците исто така ќе има хармонија. Сето меѓусебно ќе се случува со леснотија. Ќе ги почувствувате емоциите, ќе сте заинтересирани за желбите од гледна точка за различни прашања. Воопшто неделава ќе ви даде многу моменти во кои ќе докажете колку си се допаѓате.

Рак
Оние од вас кои се осамени во љубовта, по петок ги очекуваат добри романтични перспективи. Во тоа време Венера ќе се движи во вашиот сектор на љубовта. Можно е да сретнете некоја привлечна личност. Веднаш ќе почувствувате магнетизмот, а чувството ќе биде взаемно.
cd365c98cc4f6fd4dbd0d0afd08103de
Лав
Комуникацијата помеѓу вас и вашата сакана ќе биде навистина жешка, што се однесува до љубовта. Секси СМС, возбудливи телефонски повици и тоа не само во доцните часови на денот. Некои од вас кои скоро започнале врска, ќе сакаат да го претстават партнерот пред блиските. Погоден момент е крајот на неделата.

Девица
Последните денови не беа особено лесни за Девиците во многу аспекти, вклучувајќи и во љубовта. Моќта на Меркур започнува да слабее. Ова ќе ви помогне да разјасните многу работи помеѓу вас и вашата сакана. Неделава ќе заврши со разбирање меѓу вас.

Вага
Планетата на љубовта Венера орбитира околу вашиот хороскопски знак. Затоа е важно максимално да ги искористите предностите на моќната комбинација на убавина, грациозност и магнетизам, која ќе ви се понуди. Венера и Марс ќе бидат во совршена позиција и љубовта за вас ќе биде волшебна.

Скорпија
Дали сте подготвени за повеќе обожаватели од вообичаеното? Од петок Венера ќе ви ја даде својата поддршка и тоа ќе ви помогне да се чувствувате, но и да бидете уште повеќе забележителни. Без разлика дали сте обврзани или не, очекувајте внимание кон вас од претставниците на спротивниот пол.
af46ac23c7dca475bdeefacb7ddae42a
Стрелец
Ако сакате да имате раздвижување во љубовниот живот, ќе треба да раздвижите својот социјален таков. Извлечете максимум од поканите упатени кон вас за забави или други интересни настани.
Оние од вас кои имаат половина до себе, ќе жедни за повеќе романтика и осаменост . Ако сте необврзани, размислете што навистина сакате да ви се случи во љубовта, но и бидете активни.

Јарец
На крајот на неделава ве очекува повеќе романтика. Можно е да почувствувате силно привлекување помеѓу вас и ваш пријател. Всушност, може да имате можност да уживате во вистинска љубовна врска со овој човек. Бидете храбри и оставете ги сомнежите настрана. Откријте ги вашите чувства и може да бидете пријатно изненадени.

Водолија
Ако вие и вашиот партнер неодамна сте поминале низ серија на спорови поврзани со финансии, очекувајте пријатна вест. По четврток ќе бидете поуспешни во постигнувањето на компромис и донесување одлуки. Ќе ви биде полесно да ги решите проблемите, бидејќи ќе сте уедначени. И покрај грижата не заборавајте и за романтиката.

Риби
На почетокот на оваа недела може да добиете фантастична вест од партнерот поврзана со финансиите. Тој или таа може да добие покачување или некакви парични приливи. Ова може да открие пред вас нови планови за инвестиции. Романтиката исто така нема да ви недостасува.