Лејди Гага најверојатно ќе настапи на „Супербол“

од desk3
92 прегледи

Американската пејачка Лејди Гага треба да настапи на полувремето на 51. „Супербол“ кој следната година се одржува во Хјустон, Тексас, на стадионот НРГ на 17 февруари.

imagens

Нејзиниот голем настап на популарното спортско случување ќе се одржи една година откако ја испеа химната на САД на 50. „Супербол“ во Санта Клара, во Калифорнија, каде хедлајнери беа групата „Колдплеј“, Бијонсе и Бруно Марс, пренесува РТС.

Челниците на Националната фудбалска лига (НФЛ) се уште не ја потврдија веста која ја пренесуваат американските медиуми, но извор за Ју-Ес викли изјави дека токму Гага ќе настапува во живо на програмата.

Шоу-програмата во текот на полувремето, секогаш привлекува и повеќе од 100 милиони гледачи во САД, правејќи го тој настап најгледана музичка програма./MИА