Против американскиот комичар Џим Кери е поднесена тужба за тоа дека под лажно име обезбедувал лекови за неговата поранешна девојка, која почина од предозирање минатата година, и се обидел да сокрие дека е вмешан. соопшти БГНЕС.

Случајот е покренат во судот во Лос Анџелес од Марк Бартон – сопруг на покојната пријателка на Кери Катриона Вајт, со која бил разделен. Бартон истакнува дека Кери користел огромно богатство и статус на ѕвезда, за да обезбедува опиоиди за Катриона. Кери купувал дрога под името Артур Кинг и по смртта на Вајт се погрижил да се прикрие криминалното мешање. Адвокатот на Кери Марти Сингер, кој исто така е познат, оцени дека ова е обид на Бартон да извлече пари од актерот. Адвокат тврди дека Вајт “украла” рецепт на Кери и тој никогаш не и давал апчиња.
“Во животот постојат моменти кога треба да се исправиш и да заштитиш од злото”, вели Кери, цитиран од сајтот за вести поврзани со личности, TMZ. “Нема да го трпам овој бездушен обид да се профитира од мене или од жената, која ме сакаше”. Според тужителот Кери бил опседнат од идејата да ја контролира и манипулира 30-годишната девојка со која имал врска од 2012 година, и и монтирал камери за набљудување во куќа во Лос Анџелес, каде што таа често престојувала. Се тврди дека во септември, на денот кога Вајт умира, актерот и асистент биле свесни дека таа не излегла од станот, но не презеле ништо. Во тоа време, медиумите објавија дека Вајт и Кери раскинале неколку дена пред смртта. Според судскиот лекар Вајт се самоубила откако зела смртоносна доза лекови.
Според тужителот, до телото се откриени три празни шишенца, препишани од лекар, кој често ги испишувал на актерот под лажното име. Бартон тврди дека Кери се обидел да ги прикрие трагите ка за испораките на Вајт, кога таа веќе била мртва . Кери присуствуваше на погребот на Вајт во нејзиниот роден град во Ирска и беше еден од луѓето кои го носеше ковчегот .