Синот на Трамп ги спореди сириските бегалци со отровни бонбони

од Vladimir Zorba
77 прегледи

 

Најстариот син на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп предизвика контроверзи со изјавата за бегалците кои ги спореди со отровни бонбони.трампп

Доналд Трамп помладиот, кој често пати ги брани позициите на својот татко, објави на Твитер слика на сад со бонбони врз која беше отпечатен предизборен слоган на татко му: „Вратете ја величината на Америка!”.

„Ако имав сад со бонбони и ви кажам дека меѓу нив има три кои се отровни, ќе земевте ли грст од нив? Таков е нашиот проблем со сириските бегалци”, дополнува Доналд Трамп Џуниор. „Оваа слика кажува се. Ајде да престанеме со политички коректното однесување, кое не ја прави Америка приоритет”, додаде тој.

Зборовите на Трамп Јуниор предизвикаа бран реакции на социјалните мрежи и критики од страна на демократите. Портпаролот на Хилари Клинтон – Ник Мерил, изјави дека оваа изјава е одвратна.

Поранешниот автор на говорите на Барак Обама – Џон Фавро, на Твитер ја постави фотографијата од сирачето Омран, повредено при воздушен напад во Алепо, кој стана симбол на ќор-сокакот на сириската криза. „Тој е едно од милионите деца кое го споредивте со отровна бонбона”, напиша Фавро до синот на Трамп.