Понекогаш е навистина тешко за жената да каже дали мажот, од кого е заинтригирана ѝ возвраќа на чувствата.
На крајот на краиштата, повеќето мажи имаат тенденција да ги кријат своите емоции, за да не би се изложиле пред жената во која се заљубени. Но, ако го знаете хороскопскиот знак на мажот, за кого сте заинтересирани, ќе можете да увидите подлабоко во неговата личност и начелно да го декриптирате неговото однесување полесно.
Еве и повеќе за тоа какви индивидуални сигнали ви испраќа тој, базирано на неговиот хороскопски знак:
Овен
Мажите од овој знак дејствуваат отворено – тие не можат да ја задржат во тајност својата љубов. Ако овој човек ви се допаѓа, навистина, тоа ќе го направи првиот чекор во вашата евентуална идна врска. Вистинскиот Овен ќе направи сè што е можно за да ви ги покаже сите свои квалитети и вештини за да се елиминираат ривалите за срцето. Значи нема да се прашувате долго дали вашиот Овен ве мерка.
Бик
Чувствителните мажи од овој знак, исто така ќе ви покажат јасно дека им се допаѓате. Тие ќе ви се додворуваат на традиционален начин – со чоколадни бонбони, цвеќиња, мали подароци, комплименти и секси погледи. Ако овој човек ве покани на гости и ја зготви сам вечерата, значи навистина е многу заљубен во вас. Најубавото за мажот од знак Бик е дека не губи интерес брзо, па допрва ќе ви праќа повеќе и повеќе сигнали.
Близнаци
Кога станува збор за привлекување, нема да ви е лесно да го одгатнете мажот од овој знак. Близнаците се многу симпатични, но се прилично лажни и имаат тенденција да флертуваат со многу жени истовремено. Единствениот начин да дознаете дека мажот Близнаци има подлабоки чувства кон вас, е да почекате некое време. Ако тој продолжува да се врти околу вас, ако го бара вашето друштво, ако изгледа среќен кога е крај вас, значи вие владеете со мислите.
Рак
Овој длабоко емотивен маж треба да се чувствува сигурен во вас, пред да го открие своето срце. Мажот Рак е многу грижлив и ако е заинтересиран за вас, тој ќе почне да ве размазува на различни начини. Тој ќе се однесува со грижа, ќе се покажува како голем кавалер, ќе се држи изразено со вас како ваш заштитник и т.н.
Лав
Мажите Лавови се страстни, храбри ѕверови со храбри срца. Овој маж нема да ги крие своите чувства кон вас, туку напротив – ќе раскаже за нив на сите. Тој ќе ве опсипува со љубов, внимание и подароци во изобилство. Тој ќе ви го посвети своето време и нема да дозволи никој друг да се натпреварува со него за вас.
Девица
Не очекувајте грандиозни изливи на љубов од мажот Девица, барем не во прво време. Овој маж се движи напред полека и внимателно во играта на љубовта. Сериозните врски одземаат време на мажите Девица. Тие се нерешителни и премногу разумни. Ако овој човек е вљубен во вас, тој ќе сака прво да ви стане најдобар пријател, а со текот на времето, ќе ви ги покаже своите чувства.
Вага
Овој маж е исклучително нежен и романтичен, и директно е вљубен во љубовта. Соодветно на тоа, тој ќе ви се додворува прилично очигледно со слатка насмевка, љубовни погледи и прекрасни, срцеви поздрави, по што ќе почне да ви праќа љубовни белешки, цвеќиња во канцеларијата и да ви прави серенади на месечината.
Скорпија
Овој страстен, сложен и сексуален маж ќе ви се додворува речиси опсесивно додека го привлече вашето внимание. Тој ќе ви покаже дека навистина сака сериозни односи, а не лесен флерт. Ако почувствува дека има конкуренција за вашето срце, тој ќе ја извади на виделина темната страна. Скорпионот е поставен неслободен во љубовта. Тој може да ве натера да се чувствувате беспомошни од неговото еднострано гонење.
Стрелец
Мажот од овој знак е вљубен во вас, ако гледате во очите сјај кога ве гледа, а на лицето му сјае секогаш насмевка кога е крај вас. Овој маж ќе ви покаже интерес, ако сака да поминува повеќе време со вас, ќе гледа да ве насмее и ве закопа со расказите за подвизите. Ако тој ве покани да се придружите на него во следната авантура, значи навистина сте му го привлекле вниманието.
Јарец
Овој зафатен резервиран маж ќе се однесува на романтичната средба како на деловен состанок. И сепак, тој ќе ве однесе на вечера во најдобар ресторан во градот или ќе направи нешто друго што навистина ќе ве импресионира. Вљубениот маж Јарец вложува труд да ја покаже фината страна на животот на својата избраничка.
Водолија
Овој маж изгледа позаинтересиран за сериозен флерт, отколку од сериозна врска. Ако тој навистина паѓа на вас, поверојатно е дека ќе ви ги открие интелектуалните идеи и планови, отколку најдлабоки емоции. Ќе треба да бидете трпеливи кон мажот Водолија. Порано или подоцна, тој ќе ви се открие.
Риби
Мажот Риби ќе покаже интерес кон вас на различни начини. Тој е длабоко интуитивен и романтичен и ќе сака емотивна врска уште од самиот почеток. Тој ќе ве гледа настојчиво во очите, ќе покаже големо сочувство кон проблемите, ќе биде подготвен да ви ги пресретне потребите. Тој ќе најде и креативни начини да ве освои – со стихови, со музика и цртежи.