Џенифер Лоренс и Крис Прет наоѓаат љубов на едно необично место во новиот трејлер за “Passengers”

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Дали некогаш сте имале од оние утра, каде што станувате од вашиот кревет, ги триете вашите очи и сфаќате дека сте се разбудиле 90 години порано од планираното?

landscape-1474378953-hbz-passengers-trailer

Епа тоа е дел од сцената од “Passengers”, претстојниот научно-фантастичен трилер во кој, Џенифер Лоренс и Крис Прет имаат улоги на интергалактички патници, чија што 120-годишна хибернација на вселенскиот брод Avalon е неочекувано прекината, оставајќи ги залутани во огромно вселенско летало со огромен дефект.

Првиот трејлер за филмот, кој што може да го видите подолу, започнува многу весело, со Лоренс и Прет како се обидуваат да го извлечат најдоброто од нивното неочекувано време што треба да го поминат заедно, како што си играат со роботи и го посетуваат барот.

Кој би помислил дека вселената може да биде толку романтична?

Но, наскоро нивното летало почнува да појавува системски грешки, испраќајки ги двајцата во неверојатни предизвици , пркосејќи и на гравитацијата со скокови и стресни вселенски прошетки.

Филмот, што е во режија на номинираниот за оскар, Мортен Тајлдум (The imitation game), е релативна реткост во модерен Холивуд со големи ѕвезди и голем буџет, кој што не е базиран на постоечки стрипови или најдобро продавана книга.

Наводно филмот чинел 120 милиони долари, што значи дека Џенифер Лоренс овој пат ќе има заслужено голема плата.

Филмот ќе започне да се прикажува во кината околу божиќ.