Не е ништо наивно! Зошто супермаркетите прават промоции ?!

од desk3
84 прегледи

Омилениот производ на промоција – одлично! Често користен производ по ниска цена – го купувам. На сите нас ни се случило да ги видиме брошурите на супермаркетите или да се прошетате низ нив, само за да најдеме потребен производ со намалена цена. Неодамнешна студија во Велика Британија покажа дека големите синџири нудат стока на промоција – најчесто храна кои не спаѓаат во литата на здравите производи.

1474458167-jjjjj
Истражувањето опфатило 77 165 промоции, а 53% од нив се токму производи како газирани пијалоци, чипс, замрзнати компири, пица или друга храна со висока содржина на масти, шеќер или сол.
Еве неколку причини зошто големите синџири нудат одреден производ на промоција:

Конкуренцијата: Синџирите ги следат своите конкуренти и прават попусти на производи кои се во промоција и во останатите супермаркети. Случајно или не, тоа може да се случи по неколку дена или недела;

Борба за клиенти: Што и да си зборуваме, промоциите се прават со главната цел да се привлечат повеќе купувачи и да се преземе поголем удел на пазарот во однос на конкуренцијата;

Рок на траење: Ова е една од работите кои нема да ја видите напишана за време на промоциите или што касиерите нема да ви кажат. Најчесто тоа се производи чиј рок на траење истекува по неколку дена или најмногу месец . Онака кажано, бројот на деновите пред ланецот да ги повлече, веќе е 30 или дури и помалку.

Големи залихи: Во случај ако една стока, транспортирана во огромни количини, не се продава како што се очекувало, следува … токму така: промоција, ниски цени, 3 од цената на 2, итн

Промоции на секојдневни производи: Не може да не сте виделе промоции на леб, млеко, сирење и др. производи од прва потреба. Нивните намалувања се со цел да влезете во супермаркет, дури и синџирот да го продава соодветниот производ без добивка или дури со мала загуба. Тоа, сепак, вреди ако на крајот на шопингот вие излезете од продавницата со полна торба .