И “историјата” нуди решение за Сирија! Прво сопрете ги убиствата…

од desk3
84 прегледи

 

Прогласувањето овој месец на нов договор за прекин на огнот во Сирија е добра вест. Но недостатокот на доверба меѓу завојуваните страни во Сирија и нивните странски поддржувачи значи дека овој договор, слично на претходното, е ранлив.

ca9de2be2e28dc820a0a86b3cbfbe424

Џими Картер

Тоа веќе покажува сериозни знаци за тензии. Во текот на викендот САД случајно ги бомбардираа сириските владини трупи. Во понеделникот сириската армија објави дека повеќе нема да го почитува договорот, ги обновија воздушните напади против Алепо и дури беше бомбардиран конвој со хуманитарна помош.

Сепак има причина за надеж. Ако Русија и САД сакаат да стигнат доволно далеку во своите преговори за постигнување на оваа зделка, овие пречки може да се надминат. Нападот на хуманитарен конвој што е воено злосторство, би требало да послужи како дополнителен стимул за САД и Русија повторно да се ангажираат со прекинот на огнот. Двете страни беа добро запознаени со тешкотиите, откако пред 1 еден месец ги договорија условите на прекинот на огнот.

Договорот може да биде спасен, ако сите земји се обединат засега околу едноставна и несомнено важна цел: запирање на убиствата. Тоа може да биде возможно за постигнување отколку што изгледа.

Според проценките на сигурни извори бројот на загинатите досега Сиријци е речиси половина милион, а уште околу два милиони лица се повредени. Доста над половина од 22-милионското население на земјата пред војната е раселено. Само овие потресни броеви би требало да ги убедат сите заинтересирани дека самата војна е најголемото прекршување на човековите права и високиот непријател на Сирија.

Ако сакаат тој прекин на огнот да опстане, САД и Русија треба да најдат начини да работат за намалување на недостатокот на доверба, поткопаниот претходното прекин на огнот во февруари.
Прекинот на воените дејствија што започна тогаш, започна да паѓа два месеци подоцна, откако се водеа битки во голем дел од областа околу Дамаск, Централна и Северна Сирија и Алепо. Обновувањето на конфликтот доведе во април до привремен прекин на поддржаните од ОН мировни преговори во Женева.

Претходно во текот на годината беа преземени сериозни напори откако САД и Русија извршија притисок врз своите сојузници да прекинат со борбите и да дадат шанса на преговорите. Но очекувањата на Американците и Русите дека ќе постигнат до 1 август договор за прашањата за преодното управување, беа нереални. По пет години убиства и пред да може да се изгради некој привид на доверба, за некои изгледаше премногу заканувачки, а за други – премногу несоодветно, да се инсистира сириските страни и нивните поддржувачи да се договорат за поделба на власта. Не е изненадувачки, дека тие се вратија кон насилството.

Кога подоцна овој месец ќе се обноват преговорите во Женева, вниманието треба да биде насочено главно врз запирање на убиствата. Дискусиите за основните прашања на управувањето – кога да се повлече претседателот Башар ал Асад или какви механизми може да се користат за неговото заменување – би требало да бидат одложени.

Новите напори може привремено да ја замрзнат постоечката територијален контрола – без Владата, опозицијата или Курдите да го остават оружјето. Покрај тоа може да бидат договорени мерки за стабилизирање на условите во териториите контролирани од овие завојувани страни, и ќе се дадат гаранции за неограничен пристап до хуманитарна помош – особено важно барање имајќи го предвид ударот против хуманитарен конвој крај Алепо.

Овој пристап не е лишен од значителни предизвици. Странските играчи кои повеќе се загрижени за сопствените интереси, отколку за уништувањето на Сирија, нема нужно да се задоволни ако го видат фронтот да останетаму каде што е. Русија е заинтересирана за средоземноморско пристаниште; Иран сака врска со Хезболах во Либан; главната цел на Турција е да ги поткопа курдските амбиции; а Саудиска Арабија е загрижена најмногу да не дозволи Иран да се здобие со уште една потпора во арапскиот свет. Овие интереси веќе се закануваат на кревкиот прекин на огнот.

Сепак запирање на убиствата и замрзнувањето на статус квото ја менува играта од модел во кој има победници и губитници, кон модел во кој никој не е губитник. Но завојуваните страни нема да мора да отстапуваат од виталните интереси, ниту ќе бидат буткани кон соработка и компромис во момент кога довербата меѓу нив и кон меѓународната заедница е слаба.

При сегашните услови како сириската влада, така и бунтовниците би го прифатиле секоја попуст или компромис како предавство. Можноста да не бидат губитници и да бидат прекинати убиствата сепак може да биде привлечен предлог. Најмалку тоа сигурно би било потешко да се отфрли.

Јасно е дека овие мерки не можат да се применат за делови од Сирија, контролирани од “Исламска држава” и други организации, идентификувани од страна на ОН како терористички. Но ако бидат прекинати убиствата во деловите од земјата кои не се под контрола на овие групи, можно е борците во нивните редови да биде во искушение да ги напуштат и да се преселат во области кои нудат подобри услови за живот. Ова може да биде значителна пресвртница во напорите за уништувањето на терористите.

Американско-руското лидерство е од суштинско значење за да проработи овој пристап. Секоја страна треба да ги убеди регионалните сојузници да соработуваат. Но само тоа нема да биде доволно. Сиријците кои се топовско месо во оваа војна, треба да направат така што нивниот глас да биде слушнат,и јасно и гласно да изјават: “Стоп за убиствата.” Во последните пет години Сиријците се мобилизираа околу организации на граѓанското општество кои работат на иницијативи поврзани со хуманитарната дејност, човекови права и градење на мир. Тие исто така мора да се соочиат и да повикаат: “Стоп убиствата!” Меѓународните институции исто така треба да го поддржат нивниот обединувачки повик.

Бран јавни апели за прекин на убиствата може да ги принуди сириските завојувани страни и водечките регионални и меѓународни играчи да се обрне вниманието и да преземат акција. Кога убиствата ќе запрат, Сиријците ќе можат да работат за обновување на изгубеното достоинство, што ќе биде од суштинско значење за решавање на прашањата кои доведоа најнапред до војната.

* Џими Картер е основачот на Центарот “Картер” и е 39-от претседател на САД