Парче од Берлинскиот ѕид со потпис на Реган продадено за 277.500 долари

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 

На аукција во Њујорк, одржана синоќа, за сума од 277.500 долари е продадено парче од Берлинскиот ѕид на кое стои потписот на поранешниот американски претседател Роналд Реган.regan-zsid

Како што јави ТАСС, станува збор за аукција организирана од куќата „Кристис“ на која беа продавани лични предмети на Реган и на неговата сопруга Ненси.

Највисока цена на наддавањето од 319.500 долари достигна златен прстен со мали дијаманти, сафири и рубини поставени во форма на знамето на САД.

На аукцијата се понудени и некои од официјалните подароци што ги добивал Реган додека ја извршуваше функцијата претседател на САД од 1981 до 1989 година, меѓу кои се и сервис што му го подарила некогшната британска премиерка Маргарет Тачер, слика – подарок од кинеските власти и часовник за на работна маса, што му го подарил Френк Синатра,

Аукцијата на предметите на Роналд и Ненси Кенеди ќе продолжи и денеска. Сите средства заработени од наддавањето ќе завршат на сметката на Претседателскиот фонд „Роналд Реган“