Како германските политичари се борат за наклоноста на Путин

од desk3
119 прегледи

 

Зеехофер, Штајнмаер, Шмит, а сега и Габриел. Москва редовно пречекува гости од Германија. Но зошто германските политичари избегнуваат конфликтни теми? Не сфаќаат ли дека така прават услуга на Путин?

putin

Посетите на германските политичари во Русија следат едноставна шема: гостите зборуваат за дијалог воден во тешко време, за тоа дека контактите нетреба да се прекинуваат, како и постоењето на заеднички интереси, по што очекуваат пофалби за својата посветеност како амбасадори на добрата волја. Така германските посетители сепак ги зајакнуваат позициите на рускиот претседател Путин, кој води кога повеќе, кога помалку прикриена војна против Западот на различни фронтови.

За инает на илјадниците убиени во Украина, на касетните бомби против сириските болници и на хакерските напади, гостите од Берлин или Баварија не престануваат да ги бијат камбаните пред Путин и неговите луѓе. А така дополнително го слабеат демократскиот систем, кој и онака е доволно загрозена од Путин.

“Расположението е добро”
Ете вчера во Русија пристигна уште еден гостин од Германија – министерот за економија Зигмар Габриел, придружуван од економска делегација. Тој дури веќе го одреди расположението на разговорите како “добро и отворено” – иако централната тема е Сирија. Најверојатно таму ќе се изприкажат уште еден куп празни приказни. При последното гостување во Москва минатата есен лидерот на СПД се пожали дека му било “целосно нејасно” како така се дошло до меѓусебно растојание меѓу Германија и Русија, кои во 2000 година се уште имале “врвни односи”. Нешто повеќе: во спротивност со курсот на германската влада и овој на ЕУ, Габриел го изрази “личното мислење” дека санкциите наметнати на Русија поради војната во Украина, требало да бидат постепено укинати и тоа без да се чека Москва да ги исполни условите, договорени во Минск. Во февруари баварскиот премиер Хорст Зеехофер, кој беше во посета на Москва, ја потпевнуваше истата песна. Токму тогаш водените од Кремљ медиуми заедно со министерот за надворешни работи Лавров распространуваа измислици за “нашата Лиза”, која била наводно силувана од бегалци во Берлин, а истовремено руските бомби буткаа нови бранови сириски бегалци кон Европа. Путин му рекол дека не се меша “во вашата бегалска политика”, раскажуваше потоа лидерот на ХСС Зеехофер и додавајќи дека тој лично го сметал тоа за “многу благородно”.

Во јули, пак, германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит заговори во Москва за “приближување на позициите”. “Кашкавал наместо криза”, објави Шмит, позирајќи со рускиот ресорнен колега, кој токму тогаш беше обвинуван од земјоделците во југоисточна Русија за државно организирана кражба на земјиште.

Во август, кога Путин и неговиот храненик Асад дозволија да бидат уништени болниците во источниот дел на Алепо, министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер се размечтаеше на тема реконструкција на Сирија, при што Германија и Русија требало да работат “рамо до рамо”.

Сепак направи впечаток фактот дека Штајнмаер зборуваше тогаш не за дијалог, како што беше досега, туку за “двоен дијалог” за прашањата кои ги поврзуваат двете земји, и оние кои ги делат. Споменати беа дури темите Украина и Крим. Тоа беше чудно, бидејќи за време на германските политички дебати во Русија конфликтните теми обично се избегнуваат. Германските политичари секогаш остануваат внимателни, дури и кога руските домаќини не престануваат да товарат обвиненија против Западот. Ако гостите од Берлин и Баварија сметаат дека со оваа своја тактика би можеле да постигнат нешто – жестоко се лажат!

Токму спротивното. Кремљ има корист од посетите на овие кротки посетители, бидејќи со нив Русија покажува на светот дека не е меѓународно изолирана дека Западот е поделена во позициите, како и дека Москва повторно се разбира добро со овој Запад и тоа без да се расправаза за менување на нешто во својата политика.

Многу посетители дури ја потпевнуваат руската песна дека западните санкции не би постигнале ништо. Сепак, никој не знае на кој начин би се развивале работите по Путиновата инвазија во Украина, ако Западот воопшто не беше реагирал.

Начинот на размислување на Путин се гледа од неговите сопствени приказни за детството на “Улица Ленинградскаја”. Таму се беше научил дека “кога некоја тепачка е неизбежна, најдобро е да удриш прв”. Но, зошто да удираат, кога може да се ослабне противникот, искористувајќи од неговите лични слабости? Германија на пример секогаш се потсетува вината за нападот над СССР.

0-17908223_401-00

Се разбира, Путин знае дека Берлин и Брисел не ја менуваат политиката кога гостите од Западот се подготвени да се однесуваат како статисти во театар, само затоа што се надеваат да извлечат од тоа некакви придобивки. Затоа пак сигурно тоа го засилува Путиновото верување дека канцеларката Меркел со нејзината цврста позиција во украинската криза се покажува во се поголема изолација. Да не заборавиме дека вториот договор од Минск беше склучен само заради притисокот од САД: Американците се беа заканиле дека ќе започнат да ја вооружуваат Украина.
Има ли воопшто корист од тоа?

Германските политички дебати имаат судбинско влијание не само врз Русија. Гостите кои не се осмелуваат дури да ги именува руските прегрешенија, создаваат впечаток дека германско-руските односи би можеле да бидат едвај не ведро, само ако ги немаше превентивните фактори како бунтовните Украинци, перфидните Американци или западните медиуми, кои пишуваат за рускиот допинг и за корупцијата и нејзиното деструктивно влијание.

Така германските демократи даваат привиден безопасен вид на еден лидер кој ја загрозува нивната демократија. Зеехофер, Габриел и СИЕ би требало да се запрашаат дали навистина извлекуваат полза од тоа дека ги затвораат очите пред некои работи. И ако – да, по која цена ги добиваат.

Frankfurter Allgemeine Zeitung, Frankfurt am Main