Politico: Пет причини на ЕУ тајно да го поддржат Трамп

од desk3
71 прегледи

Многумина европски политичари би сакале претседател на САД да стане Доналд Трамп, а не Хилари Клинтон, иако отворено да не го велат тоа, тврди Politico.Според авторот на публикацијата Метју Карничниг, не поминува ден без некој висок европски политичар да не изрази загриженост по повод можна победа на Трамп.

20160922-ipvfkinqwk

“Во некои кругови во темниот облак на Трамп осветлува мал зрак на надеж” – истакнува Карничниг. “Иако ниту еден европски политичар не го признава тоа јавно, но за некои од нив Трамп е можност која паѓа на генерација еднаш, за да се ослободат од зависноста на САД .”

“Всушност негативните страни на американското влијание е едно од ретките нешта кое ги обединува европските политичари” – пишува Карничниг.

Тој наведува пет главни причини поради кои многумина од нив “тајно болуваат” за Трамп.

Прво, Европејците се незадоволни од трансатлантскиот трговски и инвестициски договор (ТТИС) за слободна трговија меѓу САД и ЕУ, што веќе неколку месеци е замрзнат. Според Трамп, тоа е на штета на американските работници.

Второ, Трамп се изјаснува против НАТО, а многумина европолитичари се за армија на Унијата. Трамп сепак никогаш не го скрил незадоволство дека во областа на одбраната Европа се потпира на САД.

Третата причина е големата програма за следење, која САД ја спроведуваат за секого. Сноуден покажа дека дури Меркел да не може да се скрие ништо .

Четврто, влијанието на банките од Волстрит на Европа одамна стана за многумина Европејци “прогонувачка идеја”. На пример, поранешниот шеф на Европската комисија Жозе Мануел Баросо доби добра работа во Goldman Sachs – една од банките која ја донесе светската криза.

Како петта важна причина се наведува злорадоста – “најмоќната сила”, која изгледа ги движи Европејците во оваа ситуација. Карничниг објаснува што има предвид: мнозинството од Европејците никогаш не подлегнуваат на тврдењата на Вашингтон за ексклузивност и морална супериорност на САД.

Победата на Трамп, според нив, ќе стане доказ дека САД имаат не помалку проблеми од Европа.