(ФОТО) Научниците измислија нова ткаенина која може да собира енергија од сонцето и од движењето

од desk3
146 прегледи

Откако поставија фотоаноди и трибоелектрични наногенератори во ткаенина, научници создадоа хибриден текстил. Некој ден облеката ќе го напојуваат вашиот смарт-часовник, фитнес нараквиците и други мали мобилни уреди, по се покажуваат резултатите од истражувањето на Технолошкиот институт во Џорџија, САД.Екипатат на Зонг Лин Ванг успешно изработи нов вид ткаенина, кој тие го нарекуваат “текстил со микро-кабелска енергија “, кој ги интегрира фотоанодите кои се соларни ќелии изработени од лесни полимерни влакна и трибоелектрични наногенератори кои можат да генерираат мали количини електрична енергија од движењето.

1474544451-shutterstock-132695699
Ефикасно, новата ткаенина произведува електрична енергија. Дебелината , заедно со волнената основа, е 320 микрометри и тимот тврди дека е “исклучително флексибилен, дише, лесен е и адаптивен кон повеќе различни видови употреба.”

“Текстилот со хибридна електрична енергија претставува ново решение за проблемот со полнењето на уредите во средината користејќи едноставни и достапни работи како дувањето на ветрот и греењето на сонцето”, коментира Ванг.