Да, навистина е комплицирано. Во нашиот јазик е малку тешко да се најде збор кој ќе ја опише работата на 40-годишниот Томи. Тој не е жиголо, не продава секс. Но, не можеме да го наречеме гејша или придружник. Можеби сепак е нешто како придружба?
Тони, како што му е работниот прекар, работи во американската агенција “Каубои за ангели”, која обезбедува различни услуги со доплата. Во основата на палавото друштво е мислата за совршено хетеросексуално искуство кое сепак не предиспонира кон сериозна поврзаност.
Тони работи како придружба 7 години. Изненадувчки е дека може да прима приходи над просечните, извршувајќи слична активност. Тој никогаш не бил модел, а немал и желба за тоа.
Што всушност прави Томи?
“Жените ме ангажираат од различни причини”, раскажува тој за Cosmopolitan.
“Ми се чини дека дамите едноставно имаат потреба од некој кој ќе ги ислуша, ќе им обрне внимание”. Според Томи жените страдаат од недостаток на внимание од страна на мажите. Тие имаат потреба да им кажат на своите сопрузи за тоа што се случило во текот на денот, какви се нивните грижи. “Но, наместо тоа мажите се прилепуваат до спортски канали и само го одобруваат на секој збор”, смета привлечниот маж.
“Понекогаш треба да се оддадеме на еден вистински разговор, заклучени некаде со часови, можеби на балкон со шише шампањ и јагоди. Мислам дека поради тоа сум баран “, вели тој.
Но оваа работа се покажува извонредно тешка, бидејќи малку жени би ги прифатиле “службените обврски” на Томи. Тој патува многу, често се прибира среде ноќ.
Во четврток и петок навечер им прави друштво на платежноспособни дами за 4 часа. Во саботата завршува во 3 наутро. А, тоа се редовни обврски, останатите се непредвидливи и поврзани со меѓународни летови.
“Тоа му е најтешко, постигнување на рамнотежа помеѓу времето на работа, тоа со ќерка ми и не на последно место фитнес – треба да сум во форма”, раскажува Томи.
Последната негова жена, мајката на детето, не успеала да го издржи притисокот и го напуштила …
Да бидеш придружба има особености. Во оваа професија привлекувањето и поврзувањето се две различни работи.
“Со оглед на тоа што го правам, многу е тешко да не се врзам емоционално со некоја жена. И секогаш доаѓа оној момент, непријатно чувство, кога треба да се каже збогум и да ја затворам вратата на хотелската соба и потоа да е така, како ништо да не било “.
А сексот?
Според Гарон Џејмс, основачот на компанијата, што и да се случи зад затворени врати меѓу двајца возрасни, никогаш не е дел од првичната трансакција.
“Да, делам романтични искуства со дамите кои ме ангажираат”, признава Томи. Тој чувствува дека ги заведува жените, нивните умови и тела.
“Секоја жена може да влезе во барот и да побара секс”, само треба да тргне и ќе се наредат на ред, за да ја одведат во домот.
“Јас не сум тука за тоа”, категоричен е тој. “Сепак сега заминувам за Турција, каде ќе спијам во кревет на една дама во текот на 10 дена – сепак ќе има време за милување”, се смее тој.
Во неговата практика се среќаваат различни случаи.
“Имаше момент кога една вандализирана дама ми ги побара услугите”, раскажува Томи – “Две третини од телото ѝ беа изгорени”. Но, откако ангажманот кон неа завршил и тој излегол од станот, Томи почувствувал дека успеал да направи една тажна и отфрлена жена посреќна од било кога.
“Нашата работа, мојата работа е да ги правам луѓето среќни. Не станува збор толку за сексот, колку за обични човечки односи на рента “, вели Томи.
Сето било една голема претстава. Тој влегува со својата клиентка во лобито на луксузен хотел и сите ги зјапаат, завидуваат.
“Никогаш не сум мислел дека ќе се занимавам со тоа, а станува убаво за мене. Не брзам да ја напуштам работата, го сакам тоа што го правам “, категоричен е тој.