(ВИДЕО) Кендал Џенер – манекенка или балерина?

од desk2
194 прегледи

Во чест на насловната страна на Кендал Џенер за октомвриското издание на списанието “Vogue Espana”, кое што излегува истиот месец како и нејзините насловни страни за списанијата “Vogue Australia” и “Vogue Japan”, 20- годишната манекенка глуми во интересно, кратко видео за шпанското модно списание.3898096b00000578-3799072-the_place_of_honor_she_covers_the_october_issue_of_vogue_espa_a-a-74_1474601331262

За време на едно-минутниот клип, Кендал зборува за нејзината желба за забава и слобода, и го демонстрира тоа со еден вид на игра на облекување.389fac9100000578-3799072-image-m-25_1474405341868

Манекенката, претворена во балерина, може да биде видена како танцува, се врти и се “глупира” во студиото во Њујорк.

Таа носи неколку елегантни балерина- инспирирани облеки, додека нејзината коса е фатена во стилска пунџа.389faca400000578-3799072-image-m-31_1474405427580

Нејзиниот глас оди во позадина изјавувајќи: “ Морав да пораснам многу брзо, ама многу сакам да се чувствувам како дете.

Сакам да трчам наоколу како дете, и едноставно да немам грижа. Отсекогаш сум била многу авантуристички наклонета и сакам да правам нешта што како што се… Не знам, глупави нешта.

Мислам дека имам многу чудна смисла за хумор.”389facce00000578-3799072-image-m-26_1474405356485

Таа исто така додава: “ Сакам да бидам помеѓу луѓе. Луѓе со добра енергија, што ќе ја подигнат мојата.

Обожавам да се шетам наоколу и можноста да бидам слободна. Сакам само да продолжам да го правам она што го правам. Да бидам помеѓу моите пријатели и да живеам убав живот.”389facaf00000578-3799072-image-m-24_1474405330031

Низ видеото таа се лизга и се ниша, и не прави ништо што всушнот личи на вистински балет.

На социјалните мрежи ова видео не беше љубезно прифатено и според списанието “The cut”, наводно на некои професионални балерини им пречело што самата таа е претставена како балерина, при тоа заборавајќи дека манекенките често позираат во нешто што не се експерти, како дел од нивната работа.14359357_305462586495749_1363816222_n

Додека голем дел навреди беа упатени кон Кендал,  професионалната балерина Алисон Дебона, застана во одбрана на моделот.

https://www.youtube.com/watch?v=dzNtTCGa_p0