Федерално биро за истраги (ФБИ) на САД соопшти дека собира информации за инцидентот помеѓу Бред Пит и членови на неговото семејство на одборот на приватниот авион минатата недела, соопшти прес-службата на федералците, цитирана од БиБиСи.

ФБИ се уште не одлучила дали да формира предмет по повод обвинувањата дека Бред Пит се однесувал агресивно со едно од шесте деца во присуство на неговата сопруга Анџелина Џоли.
Информации за наводниот инцидент во авионот се појавија во американските таблоиди, кои се повикуваат на анонимни извори.
Пред неколку дена дена адвокатот на актерката соопшти дека 41-годишната Џоли поднела молба за развод со Бред Пит поради “непремостливи несогласувања” помеѓу нив. Адвокатот додаде дека одлуката е донесена во името на “благосостојбата на семејството”.
Пит е обвинет дека за време на патување со децата и сопругата “изгубил контрола”, покажал суровост, како вербално и физички во однос на децата. Според непотврдени информации однесувањето на холивудскиот актер било испровоцирано од употребата на алкохол и марихуана и тоа предизвикало Џоли да побара развод. Актерката побарала од судот шесте деца да останат да живеат со неа, но нема против нивниот татко да може да ги гледа, па правно тој ќе го задржи старателство над нив.
Пред еден ден полицијата на Лос Анџелес ги негираше информациите во печатот дека властите почнаа истрага против Бред Пит за агресивно однесување против шесте негови деца.
Во нашиот систем нема информации поднесени против Бред Пит и ние не водиме никаква истрага против него, изјави портпаролот на полицијата Лоренцо Куезада.
Малку потоа, сепак полицијата во Лос Анџелес соопшти дека Бред Бит е под истрага за инцидент во авион.
Според непотврдени медиумски пораки Џоли е незадоволна од методите на Бред Пит за воспитување на децата.
Досега нема никакви коментари од страна на актерот.
Во интервјуто за списанието. “Пипл” тој рече дека е многу вознемирен од тоа дека бракот му се распаѓа. “Уште поважно сега сепак е благосостојбата на децата”, вели тој.