Откако го номинира досегашниот претседател на рускиот парламент, Сергеј Наришкин за шеф на Службата за надворешно разузнавање, претседателот Владимир Путин го предложи денес Вјачеслав Володин, за прв заменик-шеф на кремљската администрација, за претседател на Државната дума.

На средба со лидерите на партиите кои ќе бидат претставени во Думата по изборите од 18 септември, Путин рече дека упатува “барање” кон пратениците да ја поддржат кандидатурата на Володин заедно со премиерот и лидер на “Единствена Русија” Дмитриј Медведев.
“Вјачеслав Викторович (Володин) знае што значи да работиш во парламентот, самиот тој бил доста време пратеник, а и во претседателската администрација оддржуваше директен контакт со пратеничкиот дом, со лидерите на пратеничките групи, со партиите, тоа беше дел од професионалните должности. се надевам дека сето тоа ќе му помогне да организира активности и во долниот парламентарен дом, природно ако пратениците донесат соодветна одлука “, заклучи рускиот претседател, цитиран од агенциите.
Многумина го гледаа кај Володин основниот архитект на кремљската внатрешна политика од последните пет години, поврзувајќи го особено со законите, воведувањето на строги одговорности за учество во недозволени протести, и со новите ограничувања наметнати на невладините организации. Иако во голема мера остануваше во сенка, Володин се смета за еден од највлијателните државници во Русија, забележуваат агенциите.
Наришкин и Володин до последно беа убедени дека ќе останат на своите досегашни позиции, тврдат извори, цитирани од руските изданија РБК и “Ведомости”.
“Наришкин се сретна оваа недела со претседателот, по оваа средба тој се врати” задоволен “, уверен во тоа дека ќе го задржи претседателсото место во парламентот”, раскажува извор од Думата пред РБК.
Володин, од своја страна, спокојно подготвува извештај за резултатите од изборите. Одот на предизборната кампања, недостатокот на големи скандали и неочекувано високиот резултат на путиновата партија “Единствена Русија” (апсолутно мнозинство од 54.2%) му даваа надеж дека ќе остане во Кремљ, но поради засега непознати причини претседателот донел поинаква одлука, пишува ” Ведомости “.
Преместувањето на Наришкин во Службата за надворешно разузнавање, а на Володин во Думата се разгледува од летото, оваа опција е корисна за сите учесници, тврди пред РБК извор близок до Кремљ.
Според политиколози, Володин ќе успее да ги засили позициите на парламентот, и ќе побара да стане четвртиот човек во земјата.
Под негово раководство Думата ќе престане да е “бесен печатач”, да произведува поголемо количество “безумни закони кои предизвикуваат бучава”. За Наришкин надворешното разузнавање е природна средина, отколку јавната политика. Тој е повеќе администратор отколку човек од парламентот, кој управува со пратеници, забележува експерт пред РБК.
Сега се отвора прашањето кој ќе биде наследникот на Володин на функцијата шеф на претседателската администрација. Кадровски рокади се очекуваат и во раководството на “Единствена Русија”.