Лидерот на антибегалските протести стана бегалец

од desk3
112 прегледи

Основачот на антиисламското движење ПЕГИДА (Патриотски Германци против исламизација на западот) Луц Бахман потврди дека ја науштил Германија поради страв од прогон од германските власти.

Две години откако неговата организација започна со кампањата во која како главни непријатели на земјата беа прикажувани бегалците и економските мигранти со исламска вероисповест, Бахман се преселил го градот Тенерифе на шпанските Канарски острови, јавува дописникот на МИА од Берлин.

bc32e337-f7da-4c6c-8081-c6aaa2ae3244-540x324

Причните за егзилот според Бахман се опасноста да биде прогонуван од владата во Берлин и нападите на неговото семејство. Тој тврди дека неговата куќа во Дрезден неколку пати била мета на непознати напаѓачи, а неговата сопруга е под постојан стрес откако тој почнал да се соочува со сериозни закани.

Основачот на ПЕГИДА, кој беше приведен од полицијата поради неговите коментари за бегалците на „Фејсбук“ а подоцна беше осуден на парична казна за говор на омраза, тврди дека неговиот автомобил бил цел на саботажа од непознати сторители. Најавува дека иако живее во странство, ќе продолжи да биде дел од ПЕГИДА и секој понеделник ќе лета до Дрезден за да учествува на антиисламските протести. Засега нема информација дали Бахман побарал политички азил во Шпанија или каков било друг вид заштита од шпанските власти.

Политичка кариера на Бахман, кој успеваше да собере стотици илјади демонстранти во повеќе германски и европски градови, беше прекината кога германските медиуми открија слики на кои тој се сликал обидувајќи да го имитира Адолф Хитлер. Неговиот обид да објасни дека се шегувал не беше прифатен од германската јавност.