Временска прогноза

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.grozje

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 15 до 26 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност и со свежи, на места студени утра. Дневната температура ќе биде без значителни промени.