Денеска пред парламентот протест за поддршка на СЈО

од Vladimir Zorba
133 прегледи
Од „Шарената револуција“ за денеска во во 17 часот пред Собранието на Македонија најавија собир  и повик за поддршка на СЈО.
80c78e9f-fbf2-4c4f-9ff9-5de4e37f9bea_cx21_cy1_cw65_w987_r1_s_r1
Ве повикуваме во Понеделник, на 26.09.2016, во 17 часот пред Собранието на Република Македонија на јавен собир за поддршка на СЈО.

По летните одмори, СЈО повторно е под каконада на режимските глсноговорници. Периодов во Собранието и по медиумите под контрола на обвинетиот груевски можеме да забележиме вистински линч и пропаганда против Катица Јанева и целото СЈО.

Истовремено, власта со кој се уште управува обвинетиот груевски ја користи секоја прилика за да ја блокира работата на оваа институција.

Судиите од тефтерот на горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото кое беше прифатено и го вратија едниот Обвинителен предлог кој СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на зврлевски.

Уставниот суд се уште нема закажано седница на која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО.
Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат исклучиво за дискредитација на Катица Јанева и институцијата која ја претставува.
Владата зад која се уште стои обвинетиот груевски, продолжува да остава на високи функции луѓе кои се под истрага за сериозни кривични дела од страна на СЈО.

На СЈО повторно му е потребна нашата помош. Не смееме да дозволиме режимот да помисли дека оваа институција барем за момент е без силната, здружена и одлучна поддршка на граѓаните!

Се додека нема правда, НЕМА ДА ИМА МИР!!!

 14440953_1085462244864679_3074011317981908512_n
Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека МВР без оглед кој протестира, треба да го одржува јавниот ред и мир и нормално треба да се почитува правото на протест, а полицијата треба професионалнои според законот  да си ја врши работа.
„Јас очекувам дека професионално и до крај посветено ќе си одговорат на задачата сите  во МВР кои ќе бидат на обезбедување на овој протест“, рече министерот Спасовски.