Двајца милитанти на терористичката група “Исламска држава” биле ликвидирани во ирачкиот град Мосул од жена, облечена со црн никаб. Тоа го објавија локалните медиуми. Од информациите, станува јасно дека џихадистите се убиени рано во регионот Ен Нам во периферијата на градот. Се наведува уште дека обвитканата со никаб напаѓачка пукала со пиштол со придушувач, прецизира Канал 3.Тоа е трет ваков случај за овој месец, информираат медиумите во регионот. Се претпоставува дека стрелците се всушност мажи кои го користат целосното затворање на телото во облека која има само процепи за очите.

Како одговор на овие напади, лидерите на ИД се исплашија за живот и им забранија на жените со никаб да се движат во близина на укрепени позиции на џихадисти и во административни згради.
Идејата претрпе и друга трансформација. Поранешните незнабожечки бранители на идејата жените постојано да носат никаб веќе се поправија и од минатата недела ИД забрани носење на никаб рано наутро и по 18 часот.
Според експертите, во моментов во Мосул најверојатно има 10 000 членови на “Исламска држава”, а градот се гледа како нивна “престолнина”. Според САД широката кампања за заземање на градот може да почне во октомври, но конечна одлука за почеток на офанзивата ќе донесе премиерот на Ирак Хајдар Абад.