Вонземјани во црни тркала ги плашат жителите на грузиските села

од Vladimir Zorba
93 прегледи

1474953035-shutterstock-287067935

Уфологот Ерик Шонија ги советува луѓето да не покажуваат агресија кога страшните суштества стојат до нив и не покажуваат дека можат да им наштетат

Чудни суштества ги плашат жителите на селата во источна Грузија. Локалните луѓе се прашуваат дали напаѓачите се вонземјани или хуманоиди од паралелни светови, соопшти esoreiter.ru.
Пензионерката од село Код Нина Сергеевна видела во двор ужасно суштество облечено во црно одело. Тоа стоело под дрво.

Лицето му било многу издолжено. Беше нехумано додава исплашената жена. Очите на чудниот гостин пак биле црвени и блескави. Пензионерката стоела без зборови како хипнотизирана. Од страв дури го изгубила гласот.

Луѓе од околните села виделе слични брадати суштества. Некои тврдат дека се со издолжени лица, а други – се триаголни. Брадите им започнувале речиси од очите.

Пензионираниот полицаец Васил Мајсурадзе пак тврди дека појавата на чудни суштества е поврзана со се ‘почестото гледање над реонот летечки чинии.
Уфологот Ерик Шонија ги советува луѓето да не покажуваат агресија кога страшните суштества стојат до нив и не покажуваат дека можат да им наштетат.