СЗО: 90% од луѓето дишат загаден воздух

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Девет од десет лица од населението на земјата дишат воздух со лош квалитет, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).5084792

Загадувањето на воздухот доведува до смрт на 6 милиони луѓе секоја година. Новите податоци во извештајот на СЗО “се доволни за да нè направат сите нас исклучително загрижени”, изјави за новинарите Марија Нејра, шефот на управувањето за јавно здравје и животна средина во СЗО.

Проблемот е акутен во градовите, но квалитетот на воздухот и во провинциските области е многу полош отколку што многу луѓе мислат, додаде таа. Воздухот во сиромашните земји е многу повалкан, отколку во богатите, се наведува во извештајот, но загадувањето влијае “практично на сите земји во светот и сите делови од општеството”.

“Јавното здравство се наоѓа во вонредна состојба”, проценува Нејра.

Извештајот на СЗО е базиран на собраните податоци во 3000 места во светот. Како резултат на анализата се покажува дека 92% од светското население живее на места каде што нивото на загадување на воздухот се повисоки од стандардите на СЗО. Поради изложеноста на загаден воздух околу 6 милиони луѓе умираат секоја година, покажуваат податоците на СЗО.

Околу 90% од загубата на живот поради нискиот квалитет на воздухот се факт во земјите со пониски приходи. Во најтешка положба се земјите од Југоисточна Азија и Западниот тихоокеански регион – вклучувајќи ја и Кина, Малезија и Виетнам.

Експертите исто така велат дека нема докази за тоа дека употребата на маски на лицето филтрира голем дел од вдишаниот воздух.