Русија не се чепка, ама Кина не се допира! Студената војна во топли води…

од desk3
165 прегледи

Конфликтот е глобален. И крајно опасен, иако не секој ден да паѓа по вестите. Станува збор за судирот на интереси меѓу Кина и САД во Јужното Кинеско Море. А решение за овој конфликт воопшто не се појави-анализра DW.

19490920_303

Неодамна Кина и Русија за прв пат одржаа заеднички маневри во Јужното Кинеско Море, од друга страна, сепак Американците и Јапонците почнаа да соработуваат поблиску. Во Јужното Кинеско Море се соочуваат претежно кинески и американски интереси. Пекинг со години ги провоцира своите соседи, бидејќи ги окупира спорни острови и енергично ја проширува својата сфера на влијание. Ситуацијата е заплеткана: се спротивстават двете најсилни економски и воени земји во светот – Кина и САД. Исто како Русија, и тие се атомски сили, а и трите се постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

За што станува збор во конфликтот?
Регионот југоисточно од Кина е од исклучително економско значење за земјата. Како економска сила САД се заинтересирани за тоа да има сигурна и чесна морска трговија и сметаат дека нивното влијание во Југоисточна Азија е загрозено. Во регионот се транспортира стока во вредност од над 5.000 милијарди американски долари, а кинеската влада се сомнева дека под морското дно се кријат едни од најбогатите нафтени наоѓалишта во светот. Проф. Хауард Лев смета дека меѓусебната економска зависност е толку голема што ниту една од овие земји не би можела да си дозволи да се проширува конфликтот меѓу нив. Лев е експерт за проблемите на Источна Азија во универзитетите во Хамбург и Ерланген-Нирнберг. И покрај сето трошоците за вооружевањето во последниве години се зголемува значително, а со тоа се зголемува и конфликтниот потенцијал, тврди научникот.

15888528_401
Пекинг поминува во напад
Овој потенцијал расте особено сега, бидејќи економската моќ на Кина постепено се конвертира во воена. Тоа се гледа по уште поагресивното однесување на Кина во случаите во кои земјата сака да им помогне на своите претензии за власт, посочува Лев.

Од 1990-тите години Народната република постојано претвора одделни свои острови во воени бази, непосредно под носот на соседните држави. Во меѓувреме во базите има цели воени пристаништа и дури писти за слетување, изградени директно врз бомбардирани островски гребени и дини. Така Кина постепено настапува во непосредното опкружување на своите соседи, особено Филипините се чувствуваат загрозени.

Владата во Манила дури поднесе жалба. На 12 јули Арбитражниот суд во Хаг ја отфрли историската аргументација на Кина за експанзија во Јужното Кинеско Море и најави дека со присвојувањето на островите Кина ја нарушува Конвенцијата на ОН за поморско право. Но ја менува ли тоа целата ситуација?

“Една пресуда не значи пресуда”, вели Михаел Паул од берлинската Фондација “Наука и политика”. Меѓународното право не располага со механизми за санкции, преку кои ќе се заговараат одлуките на Меѓународниот суд. Единствено од добрата волја на вмешаните во конфликтот држави зависи дали нешто ќе се промени или не. “За оваа причина преговорите меѓу Кина и Филипините се влошија, наместо да се подобрат”, вели експертот. Згора Кина сака Филипините да ја прогласат предметното арбитража за невалидна, ако воопшто сакаат да преговараат со Пекинг

19543956_401
Конфликтот го расцепува регионот
Токму затоа САД ги вложуваат сопствени маневри со своите сојузници во регионот. Можеби најблискиот од нив се токму Филипините, но новиот претседател на земјата Дутерте сака да ги прекине заедничките патроли и сам да води преговори со кинеската влада.

Други противници на Кина, како што е поранешната “братска држава” Виетнам, пак намерно бараат близина на САД. Во мај оваа година. Претседателот Обама го укина неколкудецениското ембарго за продажба на американски оружја за Виетнам. Се очекуваат и други отстапки пред Ханој.

Друг важен глобален играч како Русија, пак, се вклучи во спорот на страната на Кина. “Русија сака да биде признаена како рамноправна голема сила, но де факто влезе во улогата на помлад партнер на Кина”, вели експертот за проблемите на безбедноста Паул и додава дека Русија е заинтересирана да одржува партнерски односи со Кина во регионот на Јужното Кинеско море.

“За помалите држави во регионот е, се разбира, премногу загрижувачко е што уште една голема сила која пројавува активност во нивните акваториални води. Тоа несомнено е ескалација на тензиите”, вели Пол.
Пекинг покрај тоа продолжува да се вооружува, за да може некој ден да мери ги воените сили со САД. Од 2006 година официјалниот кинески воен буџет расте со повеќе од 9% годишно. Само САД доделуваат повеќе пари за воени цели. По секоја маневар на Народната република следува сепак маневар-одговор од страна на САД и неговите сојузници, и обратно.

Со секој нов брод и нов субјект се усложнува конфликтната ситуација во регионот. Кина и Русија дури организираа заедничка воена вежба, на што покажаа како се превземаа остров, користејќи за целта вистински борбени оружја. Вашингтон правеше постојани обиди да ги собере сите засегнати страни на преговарачка маса, но не постигна никаков успех.

Според германскиот експерт Пол, Кинезите не сакаат воен конфликт, но ситуацијата е латентно опасна поради постојаната ескалација на тензиите во регионот. Во овој спор на суперсилите не се гледа скорешен излез.