Министерот за одбрана Урсула фон дер Лаjен меѓу германски војници.

Само 4% од Германците и 5% од Италијанците сметаат дека странските воени бази можат да се справат подобро со обезбедувањето на националната безбедност и суверенитет отколку сопствената армија. Ова го покажуваат податоците од истражувањето спроведено од компанијата Ifop по нарачка на новинската агенција и радио Sputnik.
Според извештајот на Министерството за одбрана на САД за 2015 година надвор од границите на земјата Вашингтон се лоцирани 587 воени објекти. Најголем број американски воени бази во Европа има во Германија, а во Италија се концентрирани значителни сили на американската Воено-поморска флота.
На прашањето “Кој ќе се справи подобро со заштитата на вашата земја?” над една третина од Германците / 38% / и Италијанците / 34% / одговориле дека со заштитата на земјата ќе се соочи националната армија без помош на странски воени бази. Речиси толку – 37% од Германците и 34% од Италијанците – изјавиле дека заштитата треба да се спроведува заеднички од националните армии и странските бази. 21% од испитаниците во Германија и 27% во Италија не можеле да одговорат на прашањето.
Анкетата е спроведена од 28 јуни до 4 јули 2016 година од страна на француската истражувачка компанија Ifop. Во неа учествувале 1004 Германци и 1002 Италијанци.