Адел со најмногу продадени албуми во 21 век

од desk3
110 прегледи

Новиот албум на британската поп-ѕвезда Адел е продаден во САД во 10 милиони примероци со што таа има најмногу продадени албуми во 21 век.

20752_adel01-foto-reuter_af_20162291952

Адел последниот албум го издаде лани во ноември. На церемонијата во Медисон сквер гарден во Њујорк, каде одржа шест концерти беше наградена со дијамантска плоча.

Американското Здружение на дискографски куќи – RIAA, соопшти дека претходниот албум на Адел објавен во 2011 година е продаден во повеќе од 14 милиони примероци во САД./МИА