Обид за државен удар ја потресе Шпанија

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Половина од раководството на Социјалистичка партија поднесе оставка

 1475075878-2df
Шпанската Социјалистичка партија претрпе обид за “државен удар” денеска, откако половина од нејзиното раководството поднесе оставка во обид да  го отстрани Педро Санчез, додека политичката криза во земјата го зема својот данок, пренесе AFP. Но додека Санчез остана без зборови во средата вечерта, неговиот сојузник и втор човек во партијата Цезар Луена рече дека 44-годишниот лидер останува на функцијата.

Социјалистите (PSOE) со месеци се дрмаат  од внатрешни спорови кои конечно излегоа на виделина, додека тековниот ќорсокак во Шпанија  го зема својот данок по две последователни неубедливи гласања на парламентарни избори.

Партијата понесе тешки загуби при двeте регионални гласања, и  ги истакна најниските резултати на изборите во декември и во јуни, откако гласачите се ориентираа кон други, развој партии