(ВИДЕО+ФОТО) Хакерски напад на електронската пошта на СЈО

од Vladimir Zorba
125 прегледи

meil-sjo

Електронската пошта на Специјалното јавно обвинителство во декември минатата година била мета на хакерски напад, открива видеозапис објавен на каналот „дугата раката на дмпне Началник пете управе“, на видеосервисот „Јутјуб“. Упадот во е-мејлот го потврдија и од СЈО и најавија дека ќе преземат мерки за расчистување на случајот.

Во видеоснимката се гледаат е-мејлови на новинари кои бараат акредитација за следење на прес-конференциите на СЈО, но и службена комуникација на тимот на Јанева со други лица.

„Во текот на декември 2015 година, беше извршен неовластен упад во нашата електронска пошта, по што од наша страна беа преземени сите чекори за зголемување на безбедноста на електронската пошта. Напоменуваме дека во тој период немавме вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не беше пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немавме никаква реална штета од упадот. Меѓутоа, со оглед дека со објавата на „Јутјуб“ јасно е изразена целта на упадот во нашата електронска пошта, Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот“, велат од СЈО./Мета