Собраниската расправа на која на дневен ред се пратенички прашања само што започна веднаш прекина по барање на координатор на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски, информира а1он.

Тој процедурално побара пауза повикувајќи ги министрите да го следат примерот на специјалната обвинителка Катица Јанева и да не одговараат на поставените прашања. Упати апел никој да не му поставува прашања, зашто тоа ќе го смета за мобинг. Најави дека демонстративно ќе ја напушти седницата. Според него, Јанева правела циркус во државата.
„Досега беше пракса последниот четврток од месецот да има пратенички прашања. Должност им беше на пратениците да поставуваат прашања од јавен интерес додека јавните функционери да одговараат. Од денеска нормално би се сметало премиерот и министрите да не одговараат колку и да прашуваме и да не обвинуваат за мобинг и демонстративно да ја напуштат седницата. Ова сознание по 25 години, конечно ни го обелодени еден специјален човек со специјална мисија да не научи дека сме биле во заблуда, рече Димовски.
Целиот текст можете да го прочитате тука