Бројот на граѓаните на 28-те земји од ЕУ, кои се над 80-годишна возраст, во 2015 година достигна 27 милиони лица или 5,3% од населението на заедницата, соопшти европската статистичка агенција Евростат.

За 10 години бројот на над 80-годишните е зголемен за 7 милиони. Во 2005 година бројот на постарите лица кои наполниле 80 години, бил 4 отсто од населението на ЕУ (кон оној момент – од 25 земји), наведува Евростат. За истиот период просечниот животен век во земјите од ЕУ се зголеми од 88,4 на 89,5 години.