Бијонсе, Џеј зи и Блу Ајви во нова реклама со инспирирачка порака

од desk2
78 прегледи

Минатата недела излезе втората колекција на спортската линија “Ivy Park” на Бијонсе. Tаа одлучи да не израдува сите, појавувајќи се во видеото за новата кампања.14240723_1139683219418987_2151987526800244736_n-1

На клипот има сцени од Бијонсе како тренира во теретана, бекстејџ-снимки од нејзината турнеја и домашни видеа на кои можат да бидат видени Џеј Зи, Блу Ајви и мајка и Тина. Во позадина Бијонсе цитира инспирирачка порака:

“Го истегнувам моето тело како хоризонтот. Го учам моето тело дека секој ден можам да одам малку подалеку. Знам дека моето тело може да научи како да се свитка и да не се скрши. Знам за што се е способно моето тело, сум го видела да прави чуда. Дури и кога грлото ми гори, чувствувам гушење во градите, потта ми ги пече очите, имам чувство дека нозете ќе ми експлодираат. Кога сакам да се предадам, ја замислувам личноста што ја сакам повеќе од сите. Ги замислувам, каде и да се во светот, и се замислувам себеси како трчам накај нив. Ги гледам нивните насмевнати ликови, тие ме бодрат и многу се горди на мене. Го извикуваат моето име и стигнувам до крајот. Поминувам низ болката и наоѓам љубов”.

Погледнето го видеото подолу.