Папата историски: Не смее да ги убедуваме православните да го прифатат католицизмот!

од desk3
103 прегледи

Бракот е “најубавото Божјо создание” и луѓето кои се во искушение да изневеруваат, треба веднаш да побараат помош, изјави денеска папата Фрањо, испраќајќи силна порака против разводот, пренесе ДПА.
Тој ова го изјави на средба со католици во Грузија, каде е во посета, одговарајќи на нивни прашања.

0000317294-article2

 

Мораме да сториме сé за да го спасиме бракот, истакна Фрањо и истакна дека постојат три “волшебни зборови” – извини, ти благодарам и жалам – кои можат да помогнат при брачните кавги, како и дека паровите може да се расправаат, но не треба да си легнуваат, без да се помират.

Светиот отец изјави на средбата дека католиците никогаш не треба да се обидуваат да ги преобрата во својата вера православните христијани. Прозелитизмот е голем грев, рече папата.

За време на посетата на Грузија Фрањо почувствува навредлив однос кон себе од страна на Грузиската Православна Црква, забележуваат агенциите.

“Не смее да ги убедуваме православните да го прифатат католицизмот, тие се наши браќа и сестри, следбеници на Исус Христос”, рече папата.

Овие зборови беа изречени часови откако поглаварството на Грузиската Православна Црква не дојдоа на месото, каде отслужи Светиот отец.

“Екуменизмот значи да бидеме пријатели, да одиме заедно, молејќи се еден за друг и да работиме за доброто на другиот, кога е можно. Никогаш не треба да ги осудуваме или да престануваме да зборуваме со брат или сестра поради тоа што тие се православни” , рече папата.

Напорите на папата да ги подобри односите меѓу Ватикан и Грузиската Православна Црква претрпеа до одреден степен јавен неуспех, откако Патријаршијата одлучи да не испраќа своја официјална делегација на месото, која ја отслужи папата, и повторно изјави дека православните верници не можат да учествуваат во католички богослужби , забележуваат агенциите.

За време на подготовката на папската посета, портпарол на Ватикан рекче дека Грузиската Патријаршија ќе испрати свои претставници на богослужбата на стадионот во Тбилиси како “знак за разбирање меѓу двете Цркви”. Оваа изјава даде причина да се верува дека ладните односи, фрлиле сенка врз посетата во 1999 година во Грузија на папата Јован Павле Втори, веќе малку се загреани.

Портпаролот на Грузиската патријаршија сепак денеска изјави дека отсуството на грузиските духовници била “консензуална”.