Таа воодушевуваше со низа од неверојтани комбинации на облека, на модата недела во Париз. Но, Ким Кардашијан носеше една од најризичните комбинации до сега, кога излезе на вечера со нејзиното познато семејство.
Ѕвездата излезе без никаква долна облека, во црн корсет со проѕирни ракави и проѕирни чипкани панталони, додека со долг зелен мантил се обидуваше да ги прикрие интимните делови.
На Ким и се придружија нејзините сестри Кортни и Кендал, и нивната мајка Крис Џенер со нејзиното момче Кори Гембл.
Изборот на Ким за многу малку облека на себе, можеби и не е толку изненадувачки земајќи го во предвид нејзиното значително губење на тежина во последниве неколку месеци.
Мајката на 2 деца го споделуваше нејзиниот пат до губиток на килограмите со нејзините обожаватели преку социјалните мрежи.