Таткото на супермоделот Бела и Џиџи Адид – Мохамед живее во вистинска палата во Бел Ер. 67-годишниот градежен претприемач го покажа својот дом во новиот број на магазинот Harper’s Bazaar.
Мохамед живее во својата палата од околу 5 илјади квадратни метри површина со својата втора сопруга Шива Сафа. Зградата се вика “Le Belvedere” и располага со градини од 2,2 акри, неколку дневни и трапезарии, домашно кино, визба со 5 илјади шишиња вино, турска бања, фитнес сали, простории за персоналот сала и т. н.
Веќе ви стана јасно дека Џиџи и Бела, како и брат им Анвар, немале потреба да се мачат да прават кариера во модата, бидејќи нивниот татко е милионер.
Сепак тие тројцата се одлучиле да тргнат по стапките на мајка си – Јоланда Фостер, која е холандски топмодел од 80-тите и екс сопруга на Мухамед.
Што се однесува до трикатната куќа на г-дин Адид, нејзината архитектура и внатрешен дизајн е инспириран од француските замоци и музеи.
На имотот е полно со антиквитети и ретки предмети на уметноста, како и со винтиџ додатоци.
Сепак Мохамед знае “по нешто“ и за луксузот. Токму неговата компанија има дизајнирано неколку хотели од синџирот Ritz-Carlton.
Тој вели: “Домовите кои сум ги изградил во Лос Анџелес се комбинација од неокласичен и модерен стил. Јас создавам комфорни куќи во кои луѓето се чувствуваат како дома. ”
Видете ги сликите на неверојатниот дворец што личи на француско Шато во галеријата.