Односот кон жените е клуч за просперитет и мир во светот!

од desk3
100 прегледи

Новото истражување на Универзитетот во Тексас, кое ја користи најголемата достапна база на податоци за статусот на жените во светот, откри дека има сериозна зевисност помеѓу нивото на безбедност на одделните држави и нивото на безбедност на жените во нив. Излегува дека најсигурниот метод за предвидување на веројатноста за мир и стабилност на една земја не се факторите како богатство, благосостојба, ниво на демократија или етно-верски идентитет, туку односот кон жените.

images

Станува јасно дека демократии со повисоки нивоа на насилство врз жените се дури и поопасни и понестабилни од не-демократиите. Истражувањето ги потврдува наодите на други експерти по прашањето дека колку поголема е разликата во односот меѓу мажите и жените во едно општество, толку поголема е веројатноста земјата да биде вовлечена во внатрешни и надворешни конфликти, да се прибегне кон насилство кај овие конфликти и да регистрираат повисоки нивоа на насилство.
Во однос на здравството, економскиот раст, корупцијата и социјалната сфера, најдобрите показатели повторно се оние поврзани со положбата на жените. Она што се случува на жените, се одразува на безбедноста, стабилноста, просперитетот, конфликтността, корупцијата, здравјето, формата на управување и како целина, силата на државата, пишува Foreign Policy.
Истражувањето покажува дека има доволно докази за поддршка на оваа теза и е дојден крај на деновите во кои можеше да се тврди дека положбата на жените нема никаква врска со националната безбедност.

На глобално ниво, сепак ситуацијата на жените е секакво, но не и сигурно. Истражувањето ги подредува земјите во неколку категории во однос на безбедноста на жените на скала од 0 (најдобра) до 4 (најлоша). Во листата за физичка безбедност на жените ниту една земја во светот не добива 0. Ниту една.

Просечната оценка на земјите во светот е 3,04 – доказ за сеприсутното и континуираното насилство врз жените. Тоа е факт насекаде, дури и во слободните и развиени земји. САД, на пример, добиваат оценка 2, поради високите нивоа на домашно насилство и силување. Овие резултати се во контраст со тврдењата на многумина експерти дека светот станува едно побезбедно место, бидејќи очигледно тие не го земаат предвид постојаниот раст на злосторствата против жените, кои јасно се зголемуваат, а не се намалуваат.
Неодржливи се тврдењата дека една земја е мирна кога жените во неа се подложени на напади и тоа се игнорира. Насилството, условено од полот, е факт во многу земји и тоа далеку не се ограничува само до животот на една жена. Тоа започнува дури и пред нејзиното раѓање. Светот добива просечна оценка 2,41 на скалата за сексуален сооднос и претпочитање кон синовите, што значи дека на глобално ниво момчињата се попосакувани од девојчињата.
Во 18 земји – од Ерменија до Виетнам, односот меѓу половите е значително искривен во корист на децата од машки пол. Податоци на ОН покажуваат дека од 2005 година од населението на Азија недостасуваат 163 милиони жени, главно поради абортуси на девојки или убиства на ќерки кратко време по раѓањето .
Според водечките демографи , Кина ќе биде изведена пред недостиг на повеќе од 50 милиони млади жени до крајот на деценијата. Друг глобален проблем е нерамнотежата. Во семејните закони жените генерално се оштетени во области како брак, развод и право на наследство. Таа нееднаквост стои во основата на насилството кон жените, кои пак, од своја страна, немаат или имаат многу ограничени средства да бранат себе си и своите деца.
Светската просечна оценка во однос на нееднаквоста во семејните закони е 2,06, што докажува дека повеќето земји имаат закони за дискриминација во поголема мера кон жените. Последниот индикатор – вклучувањето на жените во процесот на донесување одлуки, односно присуството на жени во управувањето, во владите, во важни организации, регистрира просечна глобална оценка од 2,74. Ова, се разбира, не е изненадувачки, имајќи предвид дека женското учество во управувањето е помалку од 20%.
И точно е дека некои од најпознатите држави заостануваат во овој поглед како што се светски признати демократии како Јапонија (13,4%) и Јужна Кореја (14,7%), а да не зборуваме за Унгарија (8,8%). САД исто така се квалификуваат под просечната норма со само 17% жени во Конгресот.
Иронично, кога САД влегоа во Авганистан и Ирак, тие поставија услови на овие држави да вклучат барем 25% жени во управата. Така во практика овие конфликтни блискоисточни земји имаат подобро претставување на жените во власта од окупаторите – односно 28% за Авганистан и 25% за Ирак. Сите овие докази конципираат неприкосновена слика на женската нерамноправна положба во светот.
Тоа влијае на мирот на неколку начини. Поради селективните абортуси и многуженството израсна цела генерација млади мажи кои се потиснати од безперспективноста да се почувствуваат целосни, бидејќи никогаш нема да формираат семејство и да станат глава на домаќинство – многу главна карактеристика на машкоста во нивната култура.
Значи, не е изненадувачки што сме сведоци на зголемување на нивото на криминал, кражба и шверц со кои овие мажи се стремат да се здобијат со некаков повеќе особен статус на “брачниот пазар”. Колку повеќе стануваат понезадоволни овие млади мажи, толку плодна почва се развива за тероризам или склоност кон воени конфликти.
На пример, единствениот преживеан терорист од нападите во Мумбаи во 2008 година вели дека бил убеден од неговиот татко да учествува за да заработи пари за миразот од кој тој и неговите браќа имале потреба, за да се оженат. Во светската политика е докажано преку експерименти дека конфликтните договори, кои се водени без жени, се распаѓаат побрзо од оние кај кои жени учествувале во преговорите. Групите составени целосно од мажи, имаат склоност да земаат повеќе ризични, поагресивни и помалку сочувствителни решенија во споредба со одлуките донесени од мешани групи.
На подлабоко ниво се забележува и јасна зависност меѓу семејната култура во делот на односите меѓу мажите и жените, и државното управување. Таму каде што мажите управуваат со нивните семејства со насилство, соодветно ја управуваат државата со насилство. Според авторите на студијата главниот предизвик пред нашиот век е да се избориме со насилството врз жените и да бидат отстранети пречките за женскиот потенцијал, интелигенција и сила. Експертите од Универзитетот во Тексас се категорични дека како што птица со едно скршено крило не може да лета, така и целиот биолошки вид со еден поразен пол не може да преживее. Затоа нивната порака е сите земји да се обединат во обид да го направи светот едно подобро место за жените, бидејќи токму тоа е патот кон глобалниот мир и просперитет.