Притоа во новото раководство не смеат да земат учество ниеден од досегашните партиски функционери предводени од Груевски бидејќи заради нивните катастрофални грешки партијата е доведена до ова дереџе. Тука само ќе спомне дел од нив, почнувајќи од: менувањето на партиските бои и симболи, понижувањето на старите членови и ветерани и нивното деградирање, масовниот прием на членови со сомнителна идеологија во редовите на партијата и нивно целосно згрижување, коалиција со луѓе кои со оружје се кренаа против институциите на државата без да се почитува мислењето на членството, понатаму нехуманиот однос кон раселените, бранителите, амнестирањето на xaшките случаи, неоснованото и незаконско притворање на македонските xeрои, неразјаснетите убиства, Смилковско езеро, изградабата на споменици кои се спротивни на македонските национални интереси и премолченоста и немањето на никаква владина и партиска реакција, селективното водење на правдата и несанкционирање на криминалот на опозициските тајкуни и нивниот неразбирлив и нејасен прием во вмровските партиски редови, осиромашувањето на нашето партиско членство на сметка на новопечените членови со сомнителна идеологија, преговарањето за нашето вековно име, индолентниот и крајно понижувачки однос кон МПЦ, и конечно Пржино со сите последици произлезени од самиот противуставен договор.
Разнебитувањето, уништувањето и користењето на ВМРО ДПМНЕ за лични цели и лично богатење мора да престане. Доколку сакаме партијата да продолжи да постои мораме да се сплотиме и да и кажеме на врхушката дека е време да си оди.
Во овој миг подготвени сме да го поведеме незадоволното партиско членство во отворена и јавна дебата со која ќе се гради нова демократск клима во партијата до наредниот вонреден Конгрес. Ние сме подговтени да го повика членството на пружање масовен отпор против политиката на сегашното партиско раководство. Сметаме дека е недстојно и понижувачки за секој вистински член што верува во четирите свети букви ВМРО да продолжи молкум да го трпи разнебитуваето на партијата и нејзините идеали. Сите заедно, сплотени мораме да го победиме не само стравот од поагресивна акција, туку и да ја разбудиме и гордоста на идеологијата со која ја возобновивме Македонија“, се вели во отвореното писмо од Форум на слободоумни патриоти до членовите и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ.