Сензација: Сумер имале вселенски бродови и стигнале до Плутон

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Истражувачите тврдат дека предците од овој народ биле дојденци од други галаксии.

1475640523-1

Сумерите оделе на Плутон пред илјадници години. Ова го изјави ирачкиот министер за транспорт Казем Финџан, цитиран од esoreiter.ru. Тој прецизира дека тие живееле во јужна Месопотамија во 2700 – 2400 година пред Христа.
Според зборовите на министерот, Сумерите достигнале фантастични височини не само во градежништвото, земјоделството, ткаењето и во керамиката, но и во апсорпцијата на вселената. Потврда за тоа бил космодромот кој ти го имале. Како резултат на своите вселенски патувања, претставниците на древниот народ ги посетиле 12-те планети од сончевиот систем.

Финџан повика секој кој се сомнева во неговите зборови, да се запознае со работата на рускиот научник проф. Самуел Крамер, кој посветил својот живот на учењето и на наследството на Сумерите. Тој открил дека древните знаеле подобро од нас како е конструиран Сончевиот систем. Тоа потврдува дека Сумерите ја изучувале вселената не само со помош на телескопи, а и со летови на вселенски бродови до далечни планети.

Други истражувачи, пак, тврди дека предците од овој народ биле дојденци од други галаксии.