Недоверба на сириското небо: Перспективите на зоната забранета за летови

од desk3
82 прегледи

 

 

Политико – Арлингтон

Успесите на сириската војска и на руското Воено воздухопловство во Алепо конечно предизвикаа негативна реакција од САД. Државниот секретар Џон Кери, на пример, ги повика Русија и официјален Дамаск да се воздржат од летови над зоната на воени дејствија, за да се даде мотивација на обидите за воспоставување доверба кон мерките за ставање крај на сириската криза.

raketi-od-sirija-padnaa-vo-izrael-izrael-bombardira-stanbeni-objekti-159560

Тој фактички, сондира уште еднаш дали е можно создавањето на зона забранета за летови над оваа арапска земја.

Иницијативата на Кери беше веднаш критикувана од Иран. За време на 71-та сесија на Генералното собрание на ОН, претседателот на Исламската Република, Хасан Рохани, во интервју за телевизијата Ен-Би-Си изјави дела создавањето на зона забранета за летови ќе биде од корист на терористите кои имаат се, освен авијација. – Имаат ракетни фрлачи, тенкови, ракети и оклопни возила. Имаат орудија и артилерсики батерии, но немаат воени авиони. Создавањето на зона забранета за летови не е исправен чекор. Тоа е избрзан предлог, рече Рохани

Од воена гледна точка, тешко е да не се согласиме – точно е, пред појавувањето на руската авијација на сириското небо, војските на Башар Асад беа победувани. Имено, руските авиони обезбедија преминувањето на стратешката иницијатива во рацете на Дамаск, потоа ослободувањето на редица градови, меѓу кои и Палмира, речиси целосното расчистување на провинцијата Латакија од борците на Џебхат ал Нусра, и сличните успеси во провинците Хама и Идлиб.

Само благодарение на поддршката од авијацијата (и воената и цивилната, која доставува се што е неопходно во градот) се уште се држи Деир ал Зур, кој е под опасада на џихадистите. Што се однесува до сириското Воено воздухопловство, во однос на другите видови и родови војски, тоа ја задржа борбената способност на прилично високо ниво, за разлика на хаосот во копнените сили, што е типично при граѓанска војна.

Зошто всушност идејата за создавање на зона забранета за летови беше критикувана толку остро токму од иранскиот претседател? Затоа што заедно со Русија, Иран е меѓу најважните сојузници на сириската влада. Имено, Иран го кредитира (де факто субвенционира) официјален Дамаск, испраќа воени советници во армијата на Сирија, ја обезбедува обуката на сириските специјални сили и организира меѓународна шиитска праваоена формација на територијата на земјата. Военото крило на движењето Хезболах станаа главната ударна сила на Владата во Сирија, исто дејствува под контрола на Исламската Република.

Покрај тоа, главен координатор на иранските воени операции во Сирија не е никој друг туку генерал-мајор Касем Солејмани, кој командува со бригадата Ал Кудс – специјален оддел за операции во странство на Корпусот на чуварите на Исламската Република. Постојат податоци дека во есента 2015 година, токму Солејмани го убедил руското воено-политичко раководство да започне воздушни удари во Сирија. Претходно, повторно токму тој го сопре напредувањето на ИД во Ирак – покрај Тикрит.

Иранските воени советници, под контрола на Солејмани, не само што ја советуваат сириската армија, туку и соработуваат за формирање на нови оддели. На пример, во операцијата за спасување на Константин Мурахтин, пилотот на рускиот Су-24 (кој беше соборен од турски борбени ловци минатата есен) учествуваше одред  на сириски специјални единици обучени под раководството на Солејмани. Тој впрочем самиот ја координираше целата операција.

Вкупниот број на ирански воени советници во Сирија не е познат, но Техеран јавно испратил неколку илјади. Во врска со тоа, разбирлива е вознемиреноста на Рохани – секоја пауза во руско-сириските воздушни удари врз позициите на џихадистите, повеќекратно ќе го засили протокот на ковчези кон Иран. Со оглед на не многу големата корист засега од ефектот на неодамнешниот нуклеарен договор и претстојните претседателки избори догодина, Рохани – освен чисто алруистички и патриотски моменти – нема никаков интерес да ги множи загубите на иранските војски.

А кога знаеме за конфронтацијата на претседателот реформатор со командата на Корпусот на чуварите на Републиката, кои се директно поврзани со врховниот верски лидер, жртви меѓу борците и офицерите од елитниот дел се последнот нешто кое Рохани би го посакал.

Интересно е што идејата за зона забранета за летови над Сирија доаѓа всушност од претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Но, по затоплувањето на односите со Русија, а уште повеќе по испраќањето на турски војски во североисточните реони на арапската држава, Анкара ја зазнемари таа иницијатива.

Во тој контекст, Турците и нивните сојузници би можеле да им достават на групите кои се опозиција на Башар Асад, доволен број мобилни ракетни системи земја-воздух. Покрај тоа што таквите дејствија на турската војска и опозициската Сириска слободна армија ја прават задачата лесно остварлива на технички план.

Тука очигледно излегуваат на површина разидувањата меѓу Вашингтон и Анкара. Кога Кери споменува дека воздушните напади треба привремено да запрат, тој предвид ги има штетите од тие напади за сириската „умерена опозиција“ и редица други групации, најмногу протурски. А Рохани, исто како и Асад, не ја дели радикалната опозиција од умерената – смета дека е неопходна борба и против едните и против другите.

Во моментов, Иран очигледно има интерес да остане статус квото за употребата на оружја на сириска територија. Ситуацијата, која и дава на сириската армија можност за успешно напредување со поддршка на Русија и Иран. Краткорочната перспектива за победата во Алепо нема да биде можна без поддршка од руската авијација – и ако бидат запрени нејзините летови, тоа сериозно ќе им наштети на интересите на сојузниците на Асад.

Со оглед на тенката граница меѓу умерената и радикалната опозиција, предлогот на Кери тешко дека ќе може да биде прифатен не само од Дамаск и Техеран, туку и од Русија, која Западот се уште ја нарекува партнер во решавањето на конфликтот, дури и при сите разидувања во однос на нивните интереси во Сирија./MИА