(ВИДЕО+ФОТО) Архивите зборуваат: Последната слика и тестаментот на Хитлер

од Vladimir Zorba
95 прегледи

1475691984-1

Последната слика на Хитлер е направена околу два дена пред неговата смрт. На неа тој стои пред бункерот во Берлин и ја гледа штетата од катастрофалноот бомбардирање на градот. Германија е покриена со урнатини и натопена со крвта на милиони по шест години на војна.

Хитлер исто е уништен и решава да се самоубие. Пред тоа сепак тој се жени за Ева Браун и веднаш потоа диктира тестаментот. Уште следниот ден, попладнето на 30 април 1945 година, фирерот си пука во својот стан, а Ева зема отров и исто така се самоубива, потсетуваат Rare Historical Photos.

Во доцните попладневни часови останатите од бункерот го откриваат Хитлер застрелан и струполен на земјата, а на креветот има негова крв. Тој пред да се самоубие зел апче со цијанид и потоа се застрелал во главата.
Безживотни тело на Ева е исто така таму. Таа го користела само цијанид, за да стави крај на својот живот.

Хитлер се самоубива само два дена пред да капитулира Берлин на 2 мај 1945 година и околу една недела пред крајот на Втората светска војна на 8 мај 1945 година

Тестаментот на Хитлер:

“Откако во последните тешки години не бев размислувал да ја преземам одговорноста која го носи бракот, сега решив да земам за своја сопруга жената која со години ми беше верен пријател, па дури и дојде кај мене по сопствена волја во еден град под опсада, за да сврземе судбина.

Решив да ја земам за своја сопруга неа пред да завршам земниот пат. Таа од своја страна сака да ме следи. Ова ќе биде компензацијата за нас по сè што изгубивме во текот на мојата работа и службата кон мојот народ.

Сите мои скапоцености и припаѓаат на партијата. Моите слики, колекциите што сум ги собирал во текот на годините, никогаш не биле за лична употреба, а за да и се помогне на растењето на галеријата во мојот роден град Линц. Најискрено се надевам дека мојата желба да биде постигната.

Го номинирам за мој заменик верниот мој другар Мартин Борман. На него ги оставам сите легални права да одлучува. Дозволено му е да земе сè со сентиментална вредност, како и она што му е потребно за скромен и едноставен начин на живот.

Јас и жена ми избираме смртта, за да го избегнеме срамот од капитулацијата. Желбата ни е да бидеме веднаш изгорени на местото каде што го поминав најубавата дел од својот живот, дневната соба, мојата работа за моите луѓе во текот на 12 години.

Предадено во Берлин, 29 Април 1945 година, 4 часот наутро
Потпис: А.Хитлер
Потпис на сведок: Георг Лудвиг Хајнрих Николаус Фрајхер фон Бело ”

Интересни факти:
– Кога Хитлер го прашува својот лекар за сигурен начин за самоубиство, тој му нуди комбинација од цијанид и куршум во главата.

– На 1 мај 1945 година, 13 часа по самоубиството, Сталин е информиран за смртта на Хитлер. Генерал Ханс Кребс ја пренесува оваа информација на советскиот генерал Василиј Чујков кога се наоѓаат во 4 часот. На 1 мај, за да водат преговори за капитулацијата на Германија.

Во видеото може да дознаете повеќе за митовите околу животот на Адолф Хитлер: