Таа беше модната ѕвезда што се издвојуваше оваа сезона на модните недели покажувајќи го нејзиниот прекрасен изглед на различни писти насекаде низ светот.
Оваа сезона се чини дека скоро секој дизајнер ја замоли Џиџи Адид да има главна улога, да ја отвори или затвори ревијата. Таа успешно ги исполнуваше нејзините должности како модел, привлекувајќи го центарот на вниманието со секоја појава на модните писти.
Таа го обележа последниот ден од модната недела во Париз со дефилирање на пистата на “Miu Miu.” 21-годишнита манекенка,облечена во кратки шорц-панталони со висок струк, ги покажа нејзините бескрајно долги нозе додека нејзината природна убавина беше јасно видлива, под минималната шминка на лицето.
Погледнете неколку од нејзините изгледи на модните ревии во галеријата подолу.